Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Петмината приведени за „Империја“ добија 30 дневен притвор

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 10, 2018 06:22

Во затворот „Шутка“ ноќеска се пренесени дел од петмината осомничени за случајот „Империја“ на СЈО, откако судија на претходна постапка им одреди 30 дневен притвор по 10 часовен распит. Пристигнаа околу 2.30 часот со возила.

Притвор им е одреден на бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, директорот на ЗК Пелагонија Цветан Панделески и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев.

Петмината од вкупно 13 осомничени во новата истрага на СЈО „Империја“ до доцна синоќа беа на распит во скопскиот Кривичен суд.

„Империја“ е за измама и перење пари

СЈО вчера соопшти дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

-Во текот на предистражната постапка, со преземање различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост, соопштија од СЈО, и додаваат дека во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.

СЈО вчера во соработка со МВР изврши 12 претреси.

Камчев: Се е законски, ќе соработувам со СЈО

Извршниот директор на „Орка Холдинг“ Јордан Камчев вчера преку писмено соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното Јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјата.

– Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење, стои во соопштението.

Арсовска Империја Јосифовиќ Камчев Мирчевски панделевски притвор Шутка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.