НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи:Ќе се обезбедат сите предуслови за старт на преговорите во јуни

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, во рамки на работната посета на Брисел, денеска имаше неформален брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ).

На состанокот,  вицепремиерот Османи, соопшти неговиот кабинет, брифирал за актуелната состојба во Македонија, оценувајќи ја политичката клима како позитивна за имплементација на предвидените реформи, особено сега, по првата одлука за пристапување кон промени на Уставот согласно договорот од Преспа, со што се откочи и работата на Собранието.

– Како Влада и како држава внимателно работиме на исполнување на сите забелешки и препораки содржани во Извештајот на Европската Комисија, особено оние кои реферираат на заклучоците од јунските самити на Советот на ЕУ, со што ќе изградиме солидно портфолио кое ќе обезбеди конфирмација на одлуката од страна на Советот следниот јуни и почеток на преговорите, истакна Османил, посочувајќи притоа на напредокот и во имплементација на уставните измени, и на реформите од Планот 18.

Тој информирал дека Планот 18 е веќе усвоен на Влада и оти неговата имплементација, засега се одвива непречено. Изразил очекување навреме да бидат адресирани сите клучни области, имајќи предвид дека темпото на имплементација на реформите се засилило по откочување на Собранието со првото зелено светло за уставните измени. Османи, го посочил и напредокот во формирањето на преговарачката структура и подготовката на државата за почеток на преговорите.

Вицепремиерот Бујар Османи во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, ја предводи македонската делегација во Брисел која го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“.

Османи ќе има и работна седба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Брисел ЕУ Османи претпристапни преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.