НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вештак во Монструм: Табличките на опел омегата се од друго возило

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година продолжува на 19 ноември, откако на денешното рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.

За случајот „Монструм“ во претходна постапка, предмет на анализа биле возилата „опел омега”, „голф 3″, „фолксваген пасат“, „пежо 306″ и „мазда 626″.

Вештакот, кој работел на анализа на идентитетот на возилата преку европскиот систем за регистрација на возила, објасни дека идентификациониот број на возилата содржи 17 броја, преку кои тоа возило се разликува од сите други возила од ист тип и марка.

– Возилото” опел омега” е со оригинален идентификациски број, меѓутоа при проверка во системот е утврдено дека регистарските ознаки се оригинал, но не се од ова патничко возило, односно припаѓаат на “мерцедес тип123”. Од извршените проверки во база на регистрирани моторни возила во Македонија за пмв “опел омега” е констатирано дека ова возило никогаш не било регистрирано во Македонија, изјави вештото лице.

Во однос на останатите возила “пежо 306”, “фолксваген пасат”, “мазда 626” и “фолксваген голф”, вештакот кажа, дека сите биле со оригинален идентитет и регистарски таблички.

На прашање од СЈО, дали имало клуч од возило кога вршел испитувања, вештакот рече дека возилото било со оригинален клуч, успешно го стартувал и од борд компјутерот видел дека има гориво за уште околу 130 км.

Претходно, двајцата вештаци, кои вршеле анализа на отпечатоци од прсти и траги на возилата „пежо 306″, „мазда 626″ и „фолксваген пасат“ кажаа дека по извршената анализа кај трагите од возилата, кај  „пежо 306„ биле идентификувани траги на лицето Алил Демири и тие на лицето Самир Љута, кое е подоцна внесено во системот за анализа од СВР Скопје, додека кај трагите од „фолксваген пасат“ биле идентификувани лицата Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.

Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека се уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство на Косово.

Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.
вештак екстрадиција Монструм опел омега судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.