НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев очекува уште повеќе пратеници да ги поддржат уставните измени

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев смета дека поддршката од осумтемина пратеници за измени на Уставот ќе продолжи, откако јавноста се појавија одредени дилеми дали неодамнешните притворања на двајцата истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски и екс директорот на УБК Сашо Мијалков можат да го доведат во прашање процесот на помирување, со оглед на тоа дека пратеници од независната група најавија дека има можност да не го дадат својот глас за промена на Уставот.

-На овој процес во Парламентот гледам како на политички дијалог и на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите поранешни ставови, изјави вчера Заев.

Според него, завршувањето на јавната дебата по втората пленарна седница планирана за 1 декември и соопштувањето на амандманите, во кои, како што вели ќе бидат потврдени ставот и предлозите на опозицијата, ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство, па дури и негово зголемување.

Додаде дека тоа е само негова надеж, а испрати порака дека правото и правната држава, владеењето на правото се императив во Република Македонија и дека не треба да има никакво мешање во правосудството.

Пленарната седница почнува на 1 декември, а по неа треба да почне и јавната дебата по предложените уставни измени. Заев смета дека во овој процес ќе се дознае колку опстојува двотретинското мнозинство, дали се намалува или се зголемува.

Во меѓувреме во текот на оваа недела во Парламентот треба да се одржи и првата средба на членовите на Координативното тело за помирување со кое претседава претседателот на Собранието Талат Џафери, а потпретседатели се пратеничките Фросина Ременски и Емилија Александрова. Формирањето на ова тело беше на барање на осумте пратеници кои дадоа поддршка за уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело за помирување, но, оттаму потенцираат, доколку тоа понуди решение за неслективна правда ќе го поддржат.

– Доколку се донесат неселективни одлуки и неселективна правда за сите учесници што можст да бидат опфатени согласно закон ќе дадеме поддршка, рече Мицевски. Појасни дека поддршката ќе зависи од тоа што ќе биде понудено и кога ќе биде понудено, дали пред или по завршувањето на постапката за уставните амандмани, рече минатата недела координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Заев поддршка Собрание уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.