Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина пред воена состојба

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 26, 2018 08:37

Вооружените сили на Украина се во состојба на целосна борбена готовност со одлука на началникот на Генералштабот, соопшти денеска украинското Министерство за одбрана.

Денеска попладне Парламентот ќе одлулува по предлогот на претседателот на земјата Петро Порошенко да се воведе воена состојба во траење од 60 дена поради ситуацијата во Керченскиот Теснец.

Порошенко рано изутрина изјави дека на Парламентот ќе му предложи воведување воена состојба откако Русија нападна и задржа три украински воени брода во Црното Море. Доколку биде воведена воена состојба, тоа ќе значи и ограничување на граѓанските слободи и поголеми овластувања на државните институции.

На украинскиот Совет за безбедност и одбрана Порошенко го осуди „налудничавиот акт на Русија против Украина“ и изрази убеденост дека нападот бил изведен со намера.

– Воената состојба не значи објавување војна на Русија и ќе биде воведена само со цел – заштита, истакна Порошенко.

Инцидентот се случи во Керченскиот Теснец на влезот во Азовското Море, при што имаше ранети, а кој предизвика голема ескалација во таа чувствителна зона.

Поради тој инцидент и Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница. Тоа беше побарано и од Москва и од Киев.

Во меѓувреме, синоќа демонстранти се собраа пред руската Амбасада во Киев, а протестите прераснаа во насилна при што беше запалено возило на амбасадата.

Тензиите меѓу Украина и Русија околу Азовско Море ескалира вчера кога Киев ја обвини Русија дека нападнала украински брод и го блокирала пристапот до морето, кој се наоѓа меѓу Крим и источна Украина. Ситуацијата брзо ескалираше. Украина синоќа ја обвини Русите дека задржала три украински брод, а претходно и пукале во нив, во оваа стратешка зона.

Двата блиндирани брода „Бердјанск“ и „Никопол“ и реморкерот „Јани Капу“ се обиделе да влезат од Црното Море во Керченскиот Теснец Теснец. Од вкупно 23 војници на бродовите, шестмина биле повредени во судирите, од кои двајца се во сериозна здравствена состојба, соопшти украинската армија.

Русија го потврди задржувањето на бродовите и „употребата на оружје”, обвинувајќи ги украинските бродови за „вршење нелегални активности во руските територијални води”.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја критикуваше „бандитската акција” на Украина. Таа рече дека прво имало провокации, потоа силен притисок, а потоа обвинувања за агресија од страна на Украина.

Украинската флота соопшти дека однапред ја предупредила Русија за трасата на трите задржани бродови. Според неа, бродовите минале неколку часа во Керчанскиот Теснец, додека танкер за нафта, лоциран под Кримскиот мост, кој поминува над теснецот, го блокирал пристапот до него.

Овој теснец, кој е единствениот воден пат помеѓу Црното Море и Азовското Море, е стратешка оска од огромно значење за Русија и Украина.

Европската унија и НАТО ги повикаа Русија и Украина да покажат воздржаност и да ги намалат тензиите во Азовското Море.

„Очекуваме Русија да ја обнови слободата на движење во Керченскиот Теснец и ги повикуваме сите страни да дејствуваат со максимална воздржаност за веднаш да се намалат тензиите”, се наведува во реакцијата од ЕУ.

Настаните во Азовското Море покажуваат до што може да доведе „пренебрегнувањето на основните правила на меѓународната соработка“, се вели во соопштението од Брисел. ЕУ забележува дека „изградбата на Керченскиот мост (од Русија) беше спроведена без согласност на Украина и е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет”.

ЕУ „не ја признава и нема да ја признае нелегалната анексија на Крим од страна на Русија”, се заклучува во изјавата.

НАТО соопшти дека целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и правата и на пловење во сопствените територијални води.

НАТО ги повика Русија и Украина на воздржаност и смирување на тензиите во Азовско Море.

– НАТО внимателно го следи развојот на ситуацијата во Азовско Море и Керченскиот Теснец и ние одржуваме контакт со украинските власти. Повикуваме на воздржаност и намалување на тензиите, изјави портпаролката на НАТО Оана Лунџеску.

– Ја повикуваме Русија да обезбеди слободен пристап до украинските пристаништа во Азовско Море, во согласност со меѓународното право”, истакна таа.

бродови воена состојба Порошенко Русија Украина Црно Море
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.