НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попладнево собраниска седница за имунитетот на Груевски

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за попладне во 17 часот закажа пленарна седница на која пратенциите треба да се изјаснат за препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води СЈО.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Комисијата денеска со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.

Одлуките за барањата за одобрувања на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски. 

– И Комисијата и Собранието денеска постапуваат во една многу контрадикторна ситуација. Пред нас е поставена задача ние да одлучуваме за имунитетот на пратеник кој веќе е осудено лице кое е во бегство и кое е недостапно за органите на прогонот. Поради тоа, лично како пратеник, но и како човек морам да изразам разочарување што нашиот систем не успеа да го обезбеди присуството на осуденото лице Никола Груевски за издржување на неговата казна затвор. Врз основа на тоа сакам да го потенцирам дека мора да се доврши и темелно да се спроведе истрагата за утврдување на одговорноста за тоа точно кој дел од системот потфрлил при обезбедувањето на присуството на Никола Груевски за издржување на неговата казна затвор. Исто така морамда посочам дека ова искуство мора да послужи за лекција за да ги идентификуваме многу брзо, да ги корегираме системските недостатоци кои доведоа до оваа ситуација и оваа контрадикторност, рече Богоевски.

Тој смета дека уште поконтрадикторно е тоа што Груевски се уште има мандат на пратеник. Богоевски кажа дека Груевски бил информиран за седницата и тоа по имејл и писмено до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски имунитет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.