НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СБ: Македонија има потенцијал за забрзан економски раст-шансата е ЕУ

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија има потенцијал  да стане земја со високи приходи, за што е потребен одржлив економски раст, како и да го искористи историскиот момент за решавање на спорот со името и забрзување на евроатланската интеграција.

Ова беше посочено на денешната презентација на анализата на Светска банка „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето.

Според Светската банка, Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот раст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард на своите граѓани, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите, но за тоа треба да ги искористи своите конкурентски предности, вклучувајќи ја и стратепката локација и отвореноста за трговија и инвестиции, истовремено надминувајќи низа горливи предизвици и внимателно управување со ризиците.

-Оваа година е клучен момент во историјата на земјата како независна државата. Со постигнување на договорот со Грција, државата направи одлучен чекор во долготрајниот спор околу нејзиното уставно  име. Разрешувањето на спорот за името кој предизвикуваше политичка и економска штета уште од 1991 година се очекува да го забрза процесот на пристапување на земјата во ЕУ и НАТО, да овозможи подлабоко да се интегрира со регионалните и со светскиот пазар, се истакнува во анализата што денеска беше презентирана во Скопје од регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, претставникот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и Марко Хернандез, коавтор на извештајот.

Мантованели потенцира дека Македонија се наоѓа во историски период и треба да надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна и треба да ја искористи ваквата можност.

-Политичкото опкружување креира пречки во поглед на развивање визија за економски раст, но и да се продолжи на онаа патека на економски развој што и го очекуваме. За тоа нема едноставен рецепт или лек,  сметам дека државата  во овој стадиум поминува низ една многу важна дебата. Знаеме каква е ситуацијата во поглед на прашањето за името и секако дека ова има и економски импликации и не зборуваме за политички аспект, туку имаме и економски импликации при што се забавува економскиот развој на државата. Тоа е дебата што се надеваме дека ќе доведе до решение кое позитивно влијае на економијата. Овие две нешта одат рака под рака, не може целосно да се издвојат, но сепак нашата перцепција е дека Мкаеоднија се наоѓа во еден историски период и треба да ги надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна и секако треба да ја искористите ваквата можнст, рече Мантованели.

Во анализата, идентификувани се три патеки кои меѓусебно се надополнуваат за земјата да ги искористи новите можности за надминување на предизвиците. Првата е да поттикне подинамичен и  поконкурентен приватен сектор, втората е вложување во луѓето за да се изгради конкурентна и приспособлива работна сила и третата се однесува на остварување економска социјална одржливост, како и одржливост на животната средина преку делотворно управување, фискална прудентност, како и подобрено управување со животната средина во насока на зголемена отпорност на природни несреќи и климатски промени.

Според Светска банка, она што треба да преземе Македонија е групирано во 10 прироритетни области. Тоа се: осигурување на владеење на правото и градење способни јавни институции што се отчетни пред граѓаните, вградување релевантни висококвалитетни вештини во текот на животниот циклус на граѓаните на земјата, зајканување на способностите на фирмите и на екосистемот за усвојување технологии, на пристапот на фирмите до финансии, подобрување на трговската поврзаност и итнеграцијата во синџирот на вредност, промовирање на пазарната конкуренција и воспоставување бизнис клима од светска класа. Намалување на демотивацијата и отстранување на пречките за учество на пазарот на трудот, особено за жените, осигурување фискална одржливост преку намалување на фискалните реизици, правејќи ги расходите поефикасни и преку мобилизирање повеќе приходи, инвестирање во интегрирани политики за намалување  на загадувањето на воздухот, градење отпорност на природни катастрофи и на климатските промени и промовирање раст со ниски јаглеродни емисии, заштита на човечкиот капитал преку штитење на сиромашните и на ранливите домаќинства од шокови и инвестирање во превентивна и примарна здравствена заштита и поттикнување на модернизацијата на земјоделството.

СБ порачува дека Македонија може да го искористи процесот за пристапување во ЕУ за да ги унапреди и одржи повеќето од овие приоритети.

-Успехот на земјата при спроведување на сите приоритетни области зависи од тоа колку смело ќе делува и ќе одржува стабилен курс на реформите. Заедничка политичка визија и свесност на јавноста ќе обезбедат дневнополитичките случувања да не го разводнат реформскиот момент, рече Хернандез.

Спорд него, треба да се преземат активности што ќе влијаат на политики за потенцијалите да се претворат во резултати.

Македонија е рангирана како земја со средни до високи приходи, но, како што беше посочено, има потенцијал да биде и со високи приходи за што треба да се спроведат одредени реформи..

Прогресивно оданочување

Во однос на најавеното прогресивно оданочување, Мантованели посочи дека Македонија е една од земјите со најмали приходи и оти има простор за прогресивно оданочување, но при тоа да се има предвид да не се поткопа ефикасноста.

– Има пречки во однос на капацитетите за приходи за имплементирање на политиките. Ние сметаме дека има простор за подобрување на ефикасноста, кога станува збор за оданочувањето, но, исто така, кога го гледаме прогресивното оданочуваме забележуваме дека има една маргина и дека може да се биде попрогресивен без при да се поткопува ефикасноста, рече Мантованели.

Препораките од Светска банка, како што беше посочено на презентацијата, властите не мора да ги земат предвид, но очекуваат да ги разгледаат, да ги усвојат и да имплементираат дел од наодите.

економски раст Извештај Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.