Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Јанкулоска и Груевски договараат притисоци и вработувања

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 30, 2018 11:06

Со читање на СМС пораки, од комуникацијата меѓу обвинетите, како доказен материјал на СЈО, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот “Титаник”.

Судијата Осман Шабани пред почетокот на судењето го прочита известувањето од Собранието на РМ дека на пратеникот Никола Груевски му е одземен имунитетот и најави дека судот ќе постапи по барањето за притвор на обвинетиот.

Од СМС комуникацијата меѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски, може да се види како тие разговараат дека во МВР се уште не се направени пасошите и ако може постапката да се забрза.

-Од Горан Трајковски. Ние утре влагаме во сите три града, добро би било да постапи и МВР, ова ми се информации од терен….- Роберт Пауновски има фирма Роби Пром и фамилија е со Љубе и Стојко Пауноски. Главен финансиер на Љубе и носител на листа во шестка. -Во план е да влеземе во село Фалише ЗЗ „Единство“ Челопек и Симопром-Сарачино, не се експонирани, но го финансираат Љубе, му пишува Јанкулоска на Груевски.

Јанкулоска го известува Груевски дека собраќајната полиција работи со полна пареа и казнува со по 300 евра пред избори, и најавува дека ова може „да се практикува по изборите“.

-Г.Груевски ве молам помогнете ми за вработување во МВР, чекам од 2006, а имам поминато и на ОК, но вработија друга. Претседателот на ОК Танаско ги пратил документите за мене, и препраќа Груевски порака на Јанкулоска од некоја Катерина Б.

-Се преслушавме со Трајко и Сашо, нека му е со среќа на Владо Стојановски се додава во една од пораките.

-Горде какви се нашите планови за овде? -Премиере во контекст на нашите разговори за прием во Кардиолошкиот завод во Охрид предвидени се четири нови вработувања.- Јас ти побарав две вработувања, но заради протисокот кој го имаш ти, нека се вработат три кандидати од ВМРО и еден од кај нас партија за правдата, му препраќа порака Јанкулоска на Груевски од некого од партијата на Бојо Андрески.

Судењето продолжува на 5 декември.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.

 

„Титаник“ Груевски Јанкулоска СМС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.