Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на Самитот на ЦЕИ: Ќе ја прошируваме регионалната соработка

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 4, 2018 13:43

Република Македонија е подготвена да продолжи да ги предводи позитивните процеси во регионот што носат стабилност и економски развој, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на Самитот на шефови на влади на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) во Загреб, чиј домаќин е премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопштуваат од владината прес служба.

Во фокусот на Самитот се изградбата на стабилност, просперитет и унапредување на соработката меѓу државите во регионот, Европа и светот.

-Македонија е подготвена да ја продлабочи и прошири соработката во регионот, низ добрососедски односи, и во овој контекст, постигнавме големи резултати. Ова се случи благодарение на подготвеноста и чувството на одговорност на земјите и политичките лидери во регионот. Но, подготвени сме да работиме на долгорочните интереси на регионот, рече премиерот Заев. Тој ги посочи договорите со Бугарија и со Грција како важни во оваа насока и во обраќањето упати благодарност до бугарскиот и до грчкиот премиер, Бојко Борисов и Алексис Ципрас, за придонесот во стабилизацијата на билатералните односи со Македонија, што придонесува и кон стабилизацијата во регионални рамки.

На Самитот, посебно е нагласена важноста на економското поврзување на државите како и придонесот на земјите во справувањето со мигрантската криза.

-Македонија е европска земја и во географска и во политичка смисла. Преку неодамнешната бегалска криза, покажавме дека сме сигурен партнер во справувањето со безбедносните предизвици на Европа. Она што е значајно, е тесна соработка и координација за заштита на границите. Во овој момент и почитувајќи го присуството на комесарот Хан, би сакал да потврдам дека Македонија останува близок партнер на земјите со коишто веќе успеавме да оствариме успешна билатерална соработка како и во стратешките чекори на овој план, рече премиерот Заев.

Заев во врска со економската соработка, рече дека таа е важен сегмент од евроатланска интеграција на Македонија и на регионот.

-Нашата економија е главно поврзана со економиите на ЕУ и економиите од Западен Балкан. Напредокот во интеграцијата во ЕУ и НАТО носи поволни економски резултати. Јас сум и повеќе уверен дека сме на вистинскиот пат и за вашата поддршка и разбирање за ова. Реформите што ги правиме на домашниот план се насочени кон воспоставување демократска клима што ќе ја олесни фер конкуренцијата. Исто така, ги вклучуваме и бизнис и научните заедници во дизајнирањето на нашата долгорочна стратегија за меѓусебна поврзаност. Во напорите да одговориме на идните предизвици, ние особено треба да се фокусираме на прашањата на науката и младите, затоа што континуирано ширење на знаењето е предуслов за напредокот. Затоа, ние целосно го поддржуваме акцентот на науката и шансите за младите, порача Заев.

На самитот учествуваат претставници од 18 земји членки, меѓу кои и премиерите на Албанија и на Словачка, а присутни се и еврокомесарот Јоханес Хан, претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, високи претставници на ОБСЕ и на Советот на Европа.

 

Заев регионална соработка Самит ЦЕИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.