Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски во НАТО: Има траги на хибридни закани преку лажни вести

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 7, 2018 09:05
 

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, при посетата на седиштето на НАТО вчера се сретна со претставници на земјите членки на кои им ја презентираше програмата за продолжување на реформите.

-По „успешното завршување“ на пристапните преговори за НАТО во октомври, Македонија мора да продолжи со реформи сѐ до пристапувањето во Алијансата, објасни Пендаровски по средбата “29 + 1„ одржана вчера во седиштето на НАТО во Брисел, на ниво на заменици на шефови на мисии со македонската делегација, објави МИА.

Во име на Македонија, националниот координатор ги презентирал плановите за реформи што треба да се спроведуваат во текот на целата 2019, но и по зачленувањето во Алијансата.

-Бевме задолжени да направиме “мини МАП“. Има два процеса: едниот се пристапните разговори кои завршија во октомври, и сега програма за продолжување на реформи. Кажавме што ќе правиме во сите области, во воена област, во администрација, безбедносни и разузнавачки служби, владеењето на правото, судски реформи, вели Пендаровски.

Македонија презентирала програма од околу педесет страници, по што земјите членки поставувале прашања.

-Највеќе се интересираат како ќе оди процесот на имплементација на Преспанскиот Договор, дали ќе има двотретинско мнозинство на крајот на процесот, вели Пендаровски.

Но, земјите членки се интересирале и за процесот на помирување.-Ги интересира што е со процесот на помирување. Сега пратениците имаат триесет дена, имаат време да поднесат предлози, дали политички, дали законски. Ќе видиме што ќе биде. Но, она што го кажаа е дека е многу важно тоа помирување да не го поткопа владеењето на правото, пренесува националниот координатор.

Очекувано, земјите членки се интересирале и за таканаречените „малигни надворешни влијанија“.

Македонската страна ги уверила сојузниците дека земјата е посветена на стратешката цел на зачленување во Алијнсата, но дека „малигни надворешни влијанија“ се забележуваат, посебно пред и за време на клучни процеси, како на пример околу 27 април, но и за време на референдумската кампања.

-Има траги на хибридни закани, преку лажни вести, објаснил Пендаровски.

Според него, интензитетот на тие влијанија е најголем до самото пристапување во Алијансата, по што значајно се намалува, слично на она што се случуваше во Црна Гора. 

надворешни влијанија НАТО Пендаровски преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.