Кој го гледаше финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс не погреши. Во сенка на аргентинската мега пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ играа Милан и Торино и останаа во длабока сенка.
Мечот на „Сан Сиро“ заврши без победник (0:0) и единствен е во 15. коло во Серија А во кој немаше голови.
Претходно Џенова на Горан Пандев одигра 1:1 пред своите гледачи против СПАЛ во дебито на Чезаре Прандели на клупата на тимот од „Луиџи Ферарис“. Петања во 15. минута реализира за гостите, Пјатек возврати за домашните од белата точка во 38. минута и сликата на семафорот остана непроменета до крајот на средбата. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација остана без минутажа овој викенд.
Серија А, 15 коло
Милан – Торино 0:0
Џенова – СПАЛ 1:1
Удинезе – Аталанта 1:3
Парма – Киево 1:1
Емполи – Болоња 2:1
Сасуоло – Фиорентина 3:3
Наполи – Фрозиноне 4:0
Калјари – Рома 2:2
Лацио – Сампдорија 2:2
Јувентус – Интер 1:0
Табела: Јувентус 43, Наполи 35, Интер 29, Милан 26, Лацио 25, Торино 22, Аталанта 21, Рома 21, Сасуоло 21, Парма 21, Сампдорија 20, Фиорентина 19, Калјари 17, Емполи 16, Џенова 16, СПАЛ 15, Удинезе 13, Болоња 11, Фрозиноне 8, Киево 3.