НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредни дебати во Парламентот по одложеното гласање за Брегзит

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот парламент денеска ќе има вонредни тричасовни дебати по одлуката на премиерката Тереза Меј да го одложи гласањето денеска за договорот за Брегзит што таа го предложи, изјави претседателот на Парламентот Џон Баркоу, откако опозициската Лабуристичка партија побара вонредни консултации.

– Не е праведно Владата еднострано да ја повлекува програмата, а Парламентот да нема можност да ја изрази својата волја, истакна опозицискиот лидер Џереми Корбин.

Баркоу ги закажа дебатите откако предлогот на Корбин беше поддржан од пратениците од Лабуристичката, но и од Конзервативната партија.

​​Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат околу приговорите од британски пратеници против предложениот договор.

Откако ненадејно го одложи гласање за договорот во британскиот Парламент, премиерката ќе се состане со лидерите на ЕУ, од кои ќе побара уверување во врска со договорот со Унијата за Брегзит, со цел да ги смири стравувањата на британските пратеници.

Нема можност за нов Договор

Не постои веќе можност за преразгледување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави денеска пред Европарламентот во Стразбур претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Тој истакна дека е изненаден од последните случувањата, а тоа се најавите на британската премиерка Тереза Меј дека ќе се обиде да ги предоговори условите.

– На крајот од минатиот месец постигнавме договор со британската Влада. До вечер ќе разговарам со премиерката Меј, нагласи Јункер.

Тој изјави дека постигнатиот договор е најдобриот и единствено можен.

– Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите, додаде претседателот на ЕК.

Ирскиот премиер Лео Варадкар синоќа соопшти дека со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се согласиле дека треба да се интензивираат подготовките за Брегзит без договор.

Варадкар и Туск во синоќешниот разговор се согласиле дека договорот за повлекување е најдобра опција и оти за тој документ не може повторно да се преговара.

– Тие се согласија и дека подготовките за исход „без договор“ треба да се интензивираат, стои во соопштение од Кабинетот на Варадкар.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск синоќа истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за излез на Велика Британија, вклучувајќи го и контроверзниот договор за ирската граница.

Туск на Твитер напиша дека во четврток ќе свика состанок на сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија, на кој ќе се разговара за британските преговори за напуштање на ЕУ.

– Нема повторно да преговараме за договорот, вклучувајќи го и „бекстоп“ (безбедносната мрежа), но подготвени сме да разговараме како да ја олесниме ратификацијата на договорот од страна на Велика Британија, додаде Туск.

– Со тек на време, исто така ќе разговараме за нашата подготвеност за сценарио без договор, истакна претседателот на Европскиот совет.

Британската премиерка Тереза Мај пред британските пратеници денеска изјави дека планира да одржи итни разговори со лидерите на ЕУ за да разговара за евентуални промени во врска со „бекстоп“.

Во центарот на спорот, во преговорите за договорот за Брегзит беше правната гаранција дека границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска ќе остане отворена, таканаречен „бекстоп“ или безбедносна мрежа, на кој инсистираше ирскиот премиер Лео Вардакар и неговите европски сојузници, и Британија на крајот безволно и со голем отпор се согласи.

брегзит Меј парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.