НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок: Оперативниот штаб на МВР не ја заврши задачата на 27 април

0
By Соња Петрушевска on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на Оперативниот штаб кој бил формиран во МВР за да се следат протестите „За заедничка Македонија“ морале секоја наредба да ја проследат до раководителот на оперативниот штаб, рече на судењето за 27 април полицаецот Тони Алексовски кој бил член на овој штаб, на прашањето на обвинителката Вилма Русковска дали членовите на оперативниот штаб биле должни да постапат ако добијат наредба од министерот за внатрешни работи.

Сведокот кажа и дека бројот на лица кои биле ангажирани во овој оперативен штаб се менувал како и командната одговорност .

На почетокот на март златната команда ја презел Митко Чавков тогаш директор на БЈБ , а бројот на членови се намалил на 17 од кои само по шест се задолжени секој ден да ги следат протестите.

Сведокот бил на годишен одмор на 27 април и не знаеше да одговори на прашањето на обвинетиот Александар Василевски Нинџа дали полицијата знаела дека на 27 април во ресторанот „Дион“ е собрана поголем група од различни градови од Македонина.

На прашањето на судијката Кацарска, сведокот кажа дека во моментот кога раководителот на оперативниот штаб е известен дека има настани како оние на 27 април, треба веднаш да дава наредби. Кацарска праша и дали во оперативниот штаб има телевизор, на што сведокот одговори потврдно, по што таа дополни дали воопшто некој требало да ги извести членовите на оперативниот штаб кога веќе  се гледало дека лица ги прескокнуваат оградите и влегуваат во Собранието.

„Дали сте требале да чекате на златната команда за да реагирате кога веќе сте гледале што се случува, вие сте сепак полиција“, констатираше судијката.

Сведокот одговори дека прво, силите кои биле на терен требало да се справат, а ако побарале дополнителни сили наредбата ја дава раководителот на опертивниот штаб.

„Тие што се членови на оперативниот штаб не можат да дадат наредби и да повикаат дополнителни сили од дома, затоа што тоа можеби веќе го сторил раководителот“, одговори сведокот.

„Дали е спротивно на вашите акти ако некој се обиде да помогне на малкумината полицајци кои требаше да се справат со толпа на народ и дали тие можеа да ги заштитат животите на пратениците, затоа што и тие не беа многу ангажирани“, праша Кацарска.

„Најбрзо можат да дојдат полицајците од СВР Скопје, па од одделите за специјални полициски операции“, одговори сведокот, а нив да ги повика може началникот на СВР Скопје, додека силите за обезбедување на објекти и лица може да ги повика раководителот на оперативниот штаб.

На директно прашаење на Кацарска дали оперативниот штаб бил на висина на задачата, сведокот рече,  „задачата не беше извршена“.

27 април Оперативен штаб сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.