Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово од денеска ќе има и војска – меѓународната заедница е поделена

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 СВЕТ
Фото: Новости
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 08:32

Косовското Собрание денеска треба да ја одржи седницата на која ќе се изгласаат законите за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во оружени сили на Косово, јави МИА од Приштина.

На дневен ред на пленарната седница на косовскиот Парламент, закажана за 10 часот, откако во минатите неколку месеци беа завршени законските процедури, ќе се најдат предлог-законите за ФСК, за Министерството за одбрана и за служењето во ФСК, со кои сегашните Безбедносни сили практично прераснуваат во војска на Косово.

Сите пратенички групи на партиите на косовските Албанци, како и пратениците на другите несрпски заедници, објавија дека ќе гласаат за законите, а ФСК веќе има најавено церемонија со која ќе ја прослави трансформацијата во војска. Прослави по повод формирањето војска на Косово имаат најавено и други косовски институции, како и граѓански здруженија.

Категорично против формирањето оружени сили на Косово се десетмината пратеници на партијата на косовските Срби, Српската листа, како и официјален Белград, кои тврдат дека тие сили се насочени против српската заедница во земјата, како и дека ќе го загрозат мирот во регионот.

Отворена поддршка на формирањето војска на Косово изразија официјален Вашингтон и Лондон, преку нивните амбасадори во Припштина, Филип Коснет и Руаири О’Конел, како и командантот на НАТО, Џејмс Фого, кој во средата во Скопје изјави дека тоа е суверено право на Косово.

Против се изјаснија неколку членки и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, кој рече дека одлуката на Приштина е избрзана.

Амбасадата на Германија во Приштина во вчерашното соопштение порача дека Берлин го поддржува формирањето на војска на Косово, но смета оти овој процес не треба да биде избрзан и треба да е сеопфатен, со вклучување и на немнозинските етнички заедници. Германија апелира до Белград и Приштина овој повод „да не се злоупотреби како повод за натамошна ескалација од ниедна од страните во односите“ меѓу двете земји.

Сојузниците на Косово, Вашингтон, Берлин, Лондон и други, очекуваат по денешното формирање на косовската восјка, Приштина и Белград да се посветат на продолжување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Северна Митровица покриена со српски знамиња

Северниот дел на поделениот косовски град Митровица, населен со мнозинско српско население, утрово осамна покриен со српски знамиња, во пресрет на денешното гласање во косовскиот Парламент за формирање војска на Косово, јави приштинската агенција КосоваПрес.

Фото: РТС
Фото: РТС

Според агенцијата, како што јави  МИА од Приштина, „илјадници знамиња се внесени синоќа од Србија на косовска територија и се истакнати низ институциите и на бандерите по улиците на север, а поделени им се и на српските граѓани од тој дел на Косово и по нивните куќи“.

– Припадници на криминални групи цела ноќ делеа српски знамиња. Нив ги предводеше Ѓорѓе Касаловиќ, познат по прекарот Ѓоле, кој подели знамиња речиси за секоја српска куќа, вклучително и оние во населбите со етнички мешано население. На сопствениците на куќите и на локалите им е наредено денеска да ги истакнат српските знамиња, со закани дека ќе сносат последици ако не го сторат тоа, вели извор на КосоваПрес.

војска Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.