НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помпео: Влезот на Македонија во НАТО ќе го намали руското влијание

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават на „недобронамерните активности“ на Русија во регионот, изјавил државниот секретар на САД Мајк Помпео по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос.

Тој нагласил дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и верува дека грчкото раководство ќе успее да го спроведе, со оценка дека договорот ќе ја зајакне грчката позиција на Балканот и ќе го намали руското влијание во регионот. Истакнал дека треба да се поздрави и поддржи заложбата на премиерот Алексис Ципрас за решавање на долгогодишниот спор.

-Во јуни беше потпишан договорот кој ќе има позитивно економско влијание и ќе и помогне на Грција да стане „Врата на Балканот. Тој договор ќе му помогне на вашиот сосед да се присоедини кон НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, како и да го зајакне Балканот против штетното руско влијани, вели Помпео.

Катругалос, пак, ја повторил решеноста на Владата на Ципрас да го спроведе Договорот од Преспа, кој како што вели, ќе има обострана корист за Атина и Скопје, како и да продолжи во решавањето и на другите отворени регионални проблеми.

Помпео и Катругалос се согласиле дека Вашингтон и Атина ќе продолжат да работат заедно за промовирање стабилност и просперитет на Балканот и во источниот Медитеран.

Помпео ја истакнал важноста на Грција како столб на стабилноста во регионот и го поздравил грчкиот придонес како сојузник во НАТО.

Јоргос Катругалос е во Вашингтон по повод одржувањето на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. Двете страни, меѓу другото, ги разгледале тековните инвестиции во инфраструктурни проекти во Западен Балкан, но се разговарало и за континуираните предизвици со бегалците и имигрантите во Европа, при што САД истакнале дека продолжуваат да пружаат поддршка околу тоа.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција вчера во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН во разговорите за името,Метју Нимиц на која беше поздравена заложбата на Атина и Скопје за успешно комплетирање на Договорот од Преспа.

Македонија НАТО Помпео руско влијание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.