Притворениот бизнисмен Орце Камчев нуди имот вреден околу 14 милиони евра како гаранција дека нема да бега, дознава Телма. Дали Кривичниот суд ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Мислење треба да даде и СЈО.
Камчев веќе нешто повеќе од месец е сместен во една од „хашките соби“ во истражниот затвор „Скопје“. Хашките соби се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии. Во нив, според поранешни притвореници, се сместуваат притвореници со здравствени проблеми, оние кои имаат „врски“ или оние на кои им е загрозена личната безбедност според карактерот на делото.
Тој е обвинет во случајот „Империја“ и во притвор е по барање на Специјалното јавно обвинителство, поради опасност од бегство.