НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телата на загинатите во сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат донесени

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени  во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац, јави МИА од Белград.

-По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.

Дванаесетте лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“, во Лесковац, вчера организирано беа префлени во Македонија. Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.

Осуммината потешко повредени Македонци се уште се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, од кои две патнички со тешки повреди на главата, на рбетниот столб и со фрактура на карлицата, се во сериозна здравстевна состојба и приклучени се на апаратите за дишење. Сите останати се стабилизирани и не се животно загрозени. Лекарите во овие болници ја следат сотојбата на повредените и како што ни изјавија по подобрување на здравствената состојба во договор со македонските задравствени институции, пациентите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Во болницата во Лесковац се наоѓа вториот возач на „автобусот на смртта“, кој е во стабилна здравствена состојба и има полесни повреди. Тој на дописникот на МИА изјави дека во моментот на сообраќајната несреќа во 01 часот и 45 минути спиел и не знае како дошло до трагичниот настан.

Од полицијата и од истражните служби на Србија, информираа дека истрагата се уште е во тек и дека наскоро ќе излезат со целосни податоци. Возачот на автобусот, кој во Србија го нарекоа „автобус на смртта“, според српските закони, пред се, поради трите жртви, се наоѓа во притвор.

Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот Еуро Бус од струшкото село Велешта, беа претежно наши печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.

Според сведоштвото на преживеаните до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата и неприлогадената брзина на возачот на автобус од речиси 100 км. на час и можноста возачот да има заспиено зад воланот.

Автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќе пати. Благодарејќи на навремената интервенција на осум возила на Итната медицинска помош од Ниш и Лесковац, на пожарникарите и случајни патници, кои испод автобусот ги извлекувале повредените, спречено е да дојде до поголема трагедија.

Голема и несебична помош била дадена и од градоначалниците на Лесковац и Ниш, од медицинските установи од овие градови во спасување и збринување на повредените.

загинати лесковац Македонија сообраќајка тела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.