Реал Мадрид ќе игра против Ал Аин во финалето на Светското клупско фудбалско првенство во Обединетите Арапски Емирати. „Кралевите“ во второто полуфинале на турнирот ја совлада Кашима Антлерс со 3:1 и обезбедија прилика по третпат едноподруго да бидат најдобар планетарен клуб.
Хет-трик постигна Герет Бејл во 44. минута, во 53. минута и во 55. минута. Со тоа Велшанецот стана самно трет играч што постигнал три гола на клупското СП по Луис Суарез и Кристијано Роналдо. До крајот на средбата азискиот првак успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Дои во 78. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=J0L8E3CiqNg
Финалето е во сабота (17.30 ч.). Во меч за третото место ќе играат Кашима Антлерс и Ривер Плата. Петтото место на турнирот го освои Есперанса (претставник на Африка) која славеше над пенали над Гвадалахара со 6:5 (мечот во основниот дел заврши 1:1).