Франк Рибери е спасителот на Нико Ковач и на Баерн Минхен. Со голот на францускиот интернационалец во 83. минута, Баварците го совладаа Лајпциг со 1:0 во дербито на 16. коло на Бундеслига и ја намалија разлика на шест бода во однос на водечката Борусија Дортмунд.
Домашните мака мачеа додека го скршат отпорот на цврстите гости во што успеаја дури во финишот на средбата. Претходно Роберт Левандовски ја тресеше рамка од противничкиот гол, а во меѓувреме и Лајпциг не искористио две одлични прилики за погодок.
За Баерн Минхен ова е шеста победа во низа. Во наредното коло, последно за првиот дел на сезоната, Баварците ќе гостуваат во Франкфурт на екипата на Ајнтрахт.
Бундеслига, 16. коло
Баерн Минхен – Лајпциг 1:0
Вердер – Хофенхајм 1:1
Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 2:2
Фрајбург – Хановер 1:1
Шалке – Баер Леверкузен 1:2
Фортуна Дизелдорф – Борусија Дортмунд 2:1
Волфсбург – Штутгарт 2:0
Херта – Аугсбург 2:2
Борусија Менхенгладбах – Нирнберг 2:0
Табела: Борусија Дортмунд 39, Борусија Менхенгладбах 33, Баерн Минхен 33, Лајпциг 28, Ајнтрахт Франкфурт 27, Волфсбург 25, Хофенхајм 24, Херта 24, Вердер 22, Баер Леверкузен 21, Мајнц 20, Фрајбург 18, Аугсбург 15, Шалке 15, Фортуна Дизелдорф 15, Штутгарт 14, Хановер 11, Нирнберг 11.