Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амандманите усвоени – Комисијата ќе расправа за законот за нивно спроведување

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 20, 2018 08:21

Уставниот закон за спроведување на амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа, денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања, која вчера ги усвои сите четири предлог-амандмани за уставни измени.

На вчерашната седница не присуствуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски претходно најави дека тие нема да учествуваат во натамошните фази на процесот за уставни измени кој, како што рече, е повеќе фарса.

Вчера во фокусот на дебатата беше државјанството односно членот 2 и ставот 2 каде што се предвидува државјанството да биде „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“.

Забелешките доаѓаа од пратениците од Алијансата на Албанците и од Беса кои бараа во делот за државјанството каде е наведено „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, да биде избришан терминот „македонско“ и да пишува само ,,државјани на Република Македонија“.

Пратениците Соња Мираковска од НСДП и опозицискиот пратеник Панчо Минов од ГРОМ, пак, ги поздравија интервенциите во предложените амандмани по собраниската дебата и јавните расправи организирани од Владата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи реплицирајќи им на пратениците Албанци рече дека интервенциите се направени во согласност со Договорот од Преспа, што беше и причина за уставни измени, додека етничките прашања се опфатени со Охридскиот рамковен договор, кој ќе стане составен дел на Уставот.

Што предвидуваат амандманите

По јавните дебати нема големи промени на четирите амандмани.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект.

Со вториот во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

Во третиот се наведува дека “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува дека “Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, а оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.

Парламентарни партии во оваа трета и последна фаза имаа право за поднесување амандмани на уставните амандмани, за што рокот беше до саботата доцна попладне. До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.
По завршувањето на дебатата во Уставната комисија, предлог амандманите треба да бидат разгледани и изгласани на пленарна седница.
Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува таа да биде закажана по божикните празници, најрано на 9 јануари.
Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани во третата фаза се носат со двотретинско мнозинство, што се очекува да биде постигнато во Парламентот.
закон за спроведување Уставна комисија уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.