Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на УПОЗ: Кривична пријава против претседателот на Судскиот совет

0
By Нова ТВ on December 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 21, 2018 14:14

Синдикатот на УПОЗ најави дека во понеделник ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Судскиот совет кој е и претседател на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски поради двете одлуки за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти за членовите на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоци за плата за септември и октомври.

Двете одлуки од 30 ноември и од 19 декември, според Синдикатот на УПОЗ, се скандалозни бидејќи не постои законска основа за исплата на додатоци на плата за членови на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоците на плата.

– Доколку судиите согласно оваа одлука ги примат додатоците за септември и октомври, а посебно ако тоа го направат по вторпат и членовите на Судскиот совет ќе станат соучесници во ова кривично дело што го направи претседателот на Судскиот буџетски совет, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски.

Како што посочи, Синдикатот и Здружението на судска администрација не се против исплатата на додатоци на плата за судиите бидејќи тоа им следува законски, но не се согласуваат со одлуката за ректроактивна исплата.

Според Синдикатот на УПОЗ, револтот кај судските службеници е голем и постои можност за штрајк, кој доколку би се реализирал, би бил порадикален. На нив, како што велат од Синдикатот, не им бил исплатен додаток за плата во висина од 10 проценти во април, а незаконски им се задржани и 40 проценти од платата за време на штрајкот во 2016 година.

Како едно од решенијата за да се смират тензиите во судството, Синдикатот на УПОЗ, ја гледа  во тоа да им се вратат одземените пари на судските службеници од штрајкот и да се донесат најавените закони од судството.

Министерката за правда Рената Десковска вчера оцени дека одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на плата е незаконска.

„Потсетувам дека законски основ за додатоци на плата има за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. Кога сами си доделуваат додатоци кои не им следуваат не е само скандал туку е и противзаконски – изјави Дескоска.

Таа појасни дека има две одлуки на Судскиот буџетски совет. Едната е донесена во ноември и таа според Дескоска е законска, но не е во ред Судскиот буџетски совет да носи одлука за ретроактивна исплата за септември и октомври и ова е противзаконско – рече министерката.

 

кривична Судски совет УПОЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.