НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седми случај на заболен од морбили во Радишани: Има услови за ширење епидемија

0
By Нова ТВ on December 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште едно дете од претшколска возраст е заболено од морбили во скопската населба Радишани. Со овој случај бројот на заболени од морбили во Радишани изнесува седум од кои шест се деца, а еден е возрасен. Новозаболеното е дете кое било во роднинска врска со едно од заболените деца и ја посетувало истата градинка.

Ова денеска на прес-конференција го истакна доктор Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје, која рече дека се уште немаат лабораториска потврда, но клиничката слика и епидемиолошката поврзаност го докажува токму тоа.

– Другите заболени во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат пуштени на дома. Сите се во фаза на заздравување и се во стабилна состојба. Новозаболеното е во релативно добра општа здравствена состојба. Санитарно хигиенските и противепидемиските мерки ги спроведуваат епидемиолошките екипи од Центарот за јавно здравје. Предучилишните се вакцинираат во пунктот за имунизација во Бутел. Во текот на изминатите четири пет дена откога е пријавена епидемија на морбили во општината и покрај нашите настојувања одѕивот не е голем. Во тој период се вакцинирани 16 деца со МРП вакцината, рече д-р Даниловска.

– Препораки од Комисијата за заразни болести се границата за вакцинацијата со МРП да се прошири, односно да се вакцинираат деца од шест месечна возраст кои ќе добијат повторно уште една доза на 18 месеци, се до 45-годишна возраст. Досега во Центарот за јавно здравје се вакцинирале три лица. Има голем број невакцинирани деца на подрачјето на Скопје. Во општините Центар, Карпош и Кисела Вода процентот на предучилишни невакцинирани деца е многу висок. Во општина Сопиште сите предучилишни и училишни деца се вакцинирани, а од градските општини најголем процент вакцинирани деца со МРП се во Шуто Оризари, додаде д-р Даниловска.

Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на Република Македонија рече дека 15.000 деца на возраст до 14 години не се вакцинирани на територијата на град Скопје согласно препорачаниот Календар за имунизација и дека на најголем ризик од заболување се изложени предучилишните деца, децата во првите одделенија од основно училиште и постарите лица. Посочи дека од 15.000 деца, 11.270 деца се на возраст до пет години.

– Ако имаме предвид колку е заразно заболувањето, дека девет од десет лица кои биле во контакт со заболено лице ќе заболат, постојат сериозни услови за ширење на епидемијата на територија на град Скопје, а потоа и во другите градови. Малите сипаници се многу сериозно заболување. Најчести компликации се висока температура, воспаление на средното уво, белите дробови. Фактите зборуваат дека едно од илјада деца ќе добие воспаление на мозокот, а едно до две деца би починале како последица на мали сипаници, истакна доктор Микиќ.

Додаде дека во Франција годинава се регистрирани 2.727 заболени и три смртни случаи, во Италија има 2.295 заболени и шест смртни случаи, во Грција – 2.290 регистрирани случаи и два смртни случаи

МЗ Морбили прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.