Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара домашен притвор за Камчев, Мијалков, Панделески, Божиновски и Јанакиески

0
By Нова ТВ on December 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 27, 2018 10:43

Извори во СЈО за НОВА потврдија дека за Орце Камчев, Цветан Панделевски и Сашо Мијалков, обвинети во случајот  „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор.

Од СЈО велат дека сведоците се сослушани и со тоа престанува да важи опасноста за влијание врз сведоци, а со мерката домашен притвор ќе бидат физички обезбедни.

Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.

Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски.

Освен за обвинетите во „Империја“, побарано е да се замени и мерката притвор во домашен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

Апелацискиот суд денеска во 14 часот ќе одржи јавна седница по жалбата на Камчев, објави Телма, повикувајќи се на потврда од судот.

Камчев поднесе жалба и воедно понуди и гаранција од околу 14 милиони евра.

Мијалков понуди гаранција во имот од 1 милион евра.

Претходно денеска,  Основниот суд Скопје 1 преку соопштение информира дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки за обвинетите во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Ова е реакција на пишувањата во медиумите дека од СЈО е побарано мерката притвор за обвинетите Орце Кампев и Сашо Мијалков, да се замени со куќен притвор.

Утре во Кривичниот суд се закажани четири јавни седници, меѓу која и за Цветан Панделески, исто така обвинет во случајот и за притворите на поранешниот секретар на владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, обвинети во случајот „Титаник“.

 

 

Апелација жалба Империја Камчев Кривичен Панделески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.