Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Го сакам Водно“ со 13 барања до Шилегов за трајно решение и заштита на парк – шумата

0
By Нова ТВ on December 27, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 27, 2018 14:29

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денеска на градоначалникот на Град Скопје му предадоа „новогодишно пакетче“ од 13 барања за трајно решавање и заштита на парк-шумата Водно.

-Незадоволни од бројните нерегуларности што го следат функционирањето на нашата парк-шума Водно, нејзиниот нерешен статус и децениски насобраните проблеми, од вас како градски татко на надлежната институција и како човек кој знае кое е значењето на Водно за скопјани, бараме трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа. Очекуваме да ги прифатите барањата и предизвикот на нивно спроведување и во најкраток рок да го донесете како приоритет број 1 законот за Водно во форма на Lex specialis “за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира”, се наведува во барањето на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно”.

Тие бараат итно да се донесе закон за Водно, а во меѓувреме Министерството за животна средина да издаде привремен заштитен статус на Водно, како би се оневозможила понатамошна узурпација на парк-шумата.

Дел од барањата се и преиспитување на постапката за Сончев град и патот до Сончев град и решение за ублажување и санација на штетата предизвикана со тој проект.

Активистите бараат да се лоцираат, мапираат, исчистат и отстранат сите депонии кои се формирани во парк-шумата и да се обезбеди стратегија за спречување на нивно повторно формирање.

„Го сакам Водно“ предлага формирање на Јавно претпријатие „Водно“ кое ќе биде задолжено за редот и чистотата на парк-шумата и формирање на ренџерска служба на Водно, во рамките на новото ЈП, со сопствен возен парк во форма на АТМ и теренски возила, соодветни за заштитено подрачје.

-Во однос на вашето прифаќање гасоводната траса да минува низ Водно, уште еднаш гласно ви кажуваме дека продолжуваме да се бориме со сите расположиви средства да го спречиме тоа зошто ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа, велат активистите.

барања Го сакам Водно Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.