НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев се надева на двотретинско мнозинство за уставните амандмани

0
By Нова ТВ on January 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе успее да го обезбеди потребното мнозинство во Собранието на пред финалното гласање на уставните измени неопходни за имплементација на Договорот од Преспа иако вели дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.

Заев деновиве има средби со лидерите на албанските опозициски партии „Беса“ и „Алијанса на Албанците“ кои единствено поднесоа амандмани на уставните амандмани во предвидениот законски рок, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во измените.

-Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви, порача македонскиот премиер.

По вчерашната средба со претседателот на опозициската „Беса“, Билал Касами, информираа од владината прес-служба, било договорено да се одржи уште еден состанок, најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.

Ставот на БЕСА е дека тие се за влез во НАТО и ЕУ но за да ги имаат гласовите на нивните пратеници, Владата и Собранието мора да прифати измени и во самиот Устав и преамбулата. Партијата бара, покрај официјализирање на албанскиот јазик како официјален на целата територија на Македонија,зборот македонско во делот за државјанството да се замени со зборот граѓани и место “македонско/граѓанин на Република Северна Македонија” да стои само граѓанин на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев го чека уште една средба, со претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, кој исто така поднесе амандмани во последната фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор, слични како оние на Беса. Без подршка од пратениците на Беса и Алијанса на Албанците во  Собранието нема 80 пратеници колку што се потребни за да уставните амандмани бидат изгласани.

Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува следната недела на 9 јануари кога е закажана седница на Собранието на Република Мкедонија за усвојување на уставните измени. За да помине текстот на амандманите на Уставот предложен од Владата треба да биде поддржан од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом или од 80 пратеници. Потоа топката се префла во Грција, а премиерот Заев верува во зборот  на неговиот грчки колега Ципрас, дека има парламентарно мнозинство за да се ратификува Договорот од Преспа. 

Заев Касами Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.