Петра Квитова и Тенис Сандгрен се освојувачи на последните ВТА и АТП турнири пред стартот на Австралија опен. Чешката тенисерка се сели во Мелбурн со титула од Сиднеј каде во финалето ја совлада Американката Ешли Барти со 1:6, 7:5, 7:6 по два часа и 22 минути игра.
Во завршниот, пак, меч во двојки триумф на српско-чешката комбинација Александра Круниќ и Катерина Синијакова кои беа подобри од Ери Хозими и Алисија Росолска со 6:1, 7:6.
Американецот Сандгрен ја дочека првата турнирска победа во карирерата. Тој во финалето во Оукленд триумфира над Британецот Камерон Нори со 6:4, 6:2.