Инвазија од црни скакулци во најсветото место на муслиманите, Мека. Наездата е почетокот на неделата, а властите во Саудиска Арабија ангажираа 22 тима со вкупно 138 лица за „борба со инсектите“, наведе „Њузвик“.
Тимовите се фокусирани на гнездата и местата каде се собираат црните скакулци, околу водата и водоводните цекви. Црните скакулци важат за големи штетници, но не пренесуваат заразни болести.
Од Универзитетот „Крал Сауд“ посочија дека во Мека моментално има околу 30.000 скакулци, предупредувајќи дека можно е да има уште една инвазија со илјадници инсекти.