Авион кој леташе на релација Штутгарт – Приштина бил принуден да слета на аеродромот во Љубљана, откако внатре во леталото избил оган. Според информациите на порталот „Газета Експрес“, авионот слетал безбедно на аеродромот во главниот град на Словенија и не настрадал ниту еден од патниците кои се, речиси, сите од Косово.
„Со оглед дека не се случи кај нас, ние не можеме да се произнесеме за некоја друга компанија“, изјави портпаролот на приштинскиот аеродром, Унидон Красниќи.
Единствено пилотот на авионот се здобил со повреди, но сè уште нема информации колку се тие сериозни.