Новак Ѓоковиќ како на тренинг во првото коло на Австралија опен. Првиот носител му препушти само седум гема на Американецот Мичел Кругер (6:3, 6.2, 6:2) во неговиот јубилеен 300 меч на најпрестижните тениски турнири во кариерата и 259 гренслем победа. Поединечно гледано, Србинот го одигра 70. натпревар во Мелбурн парк и го забележа 62. триумф.
„Првпат играв со Кругер и не знаев што да очекувам. Сработив домашна задача во обид да дознаам што повеќе за него, но беше прилично незгодно и поинаку. Уживав, сепак, во мечот. Извонредно е кога се вратите на тенисот поздрави и добро се чувствувате на терен. Ми требаа неколку месеци за враќање на самодовербата по операцијата на лактот. Последните шест месеци се фантастични“, изјави Ѓоковиќ по средбата.
Негов нареден ривал во Мелбурн ќе биде Жо Вилфред Цонфа над кого славеше во финалето на Австралија опен во 2008 година.
Вториот натпреварувачки ден кај дамите го одбележаа сестрите Вилијамс. Но, пред се Серена која е најсериозна фаворитка за освојување на осмата титула по 2003 година, 2005 година, 2007 година, 2009 година, 2010 година, 2015 година и во 2017 година. Дека се враќа во препознатливата форма, Американката покажа уште на стартот против Германката Татјана Марија. Славеше со 6:0, 6:2 за што ѝ требаа 50. минути меѓутоа особено внимание привлече со комбинацијата со која излезе на терен. Ако на Ролан Гарос настапи како „црна пантерка“ за што влезе во конфликт со организаторите, за Мелбурн се реши за тиркизен комбинезон и мрежести чорапи.

Нејзината повозрасна сестра Венус, пак, мораше да одигра три сета за победа над Михаела Бузарнеску од Романија со 6:7, 7:6, 6:2 за меч со Ализ Корне од Франција во втората рунда.
Австралија опен 2019
Мажи, 1 коло
Ѓоковиќ (1., Србија) – Кругер (САД) 6:3, 6:2, 6:2
А. Зверев (4., Германија) – Бедене (Словенија) 6:4, 6:1, 6:4
Нишикори (8., Јапонија) – Мајхржак (Полска) 3:6, 6:7, 6:0, 6:2, 3:0 (Мајхржак предаде)
Чориќ (11., Хрватска) – Дарсис (Белгија) 6:1, 6:4, 6:4
Фоњини (12., Италија) – Мунар (Шпанија) 7:6, 7:6, 3:1 (Мунар предаде)
Медведев (15., Русија) – Харис (Ј. Африка) 6:1, 6:2, 6:1
Раониќ (16., Канада) – Кирјос (Австралија) 6:4, 7:6, 6:4
Краиновиќ (Србија) – Чекинато (17., Италија) 4:6, 0:6, 6:1 7:6, 6:4
Гофан (21., Белгија) – Гарин (Чиле) 6:0, 6:2, 6:2
Карено Буста (23., Шпанија) – Вани (Италија) 6:7, 2:6, 6:3, 7:5, 6:4
Чунг (24., Ј. Кореја) – Клан (САД) 6:7, 6:7, 6:3, 6:2, 6:4
Шаповалов (25., Канада) – Андухар (Шпанија) 6:2, 6:3, 7:6
Пуј (28., Франција) – Кукушкин (Казахстан) 6:1, 7:5, 6:4
Симон (29., Франција) – Фратанџело (САД) 7:6, 6:4, 6:2
Колшрајбер (32., Германија) – Ли (Кина) 6:2, 6:2, 6:4
Жени, 1 коло
Халеп (1., Романија) – Канепи (Естонија) 6:7, 6:4, 6:2
Осака (4., Јапонија) – Линете (Полска) 6:4, 6:2
Свитолина (6., Украина) – Голубиќ (Швајцарија) 6:1, 6:2
Ка. Плишкова (7., Чешка) – Мухова (Чешка) 6:3, 6:2
Башински (Швајцарија) – Касаткина (10., Русија) 6:3, 6:0
Мертенс (12., Белгија) – Шмедлова (Словачка) 6:2, 7:5
Севастова (13., Летонија) – Бартел (Германија) 6:3, 6:1
С. Вилијамс (16., САД) – Марија (Германија) 6:0, 6:2
Киз (17., САД) – Ајава (Австралија) 6:2, 6:2
Мугуруза (18., Шпанија) – Женг (Кина) 6:2, 6:3
Ванг (21., Кина) – Феро (Франција) 6:4, 6:3
Суарез Навари (23., Шпанија) – Бурел (Франција) 7:5, 6:2
В. Вилијамс (САД) – Бузарнеску (25., Романија) 6:7, 7:6, 6:2
Жанг (Кина) – Цибулкова (26., Словачка) 6:2, 4:6, 6:2
Џорџи (27., Италија) – Јакуповиќ (Словенија) 6:3, 6:0
Хсиех (Кинески Тајпеј) – Фогел (Швајцарија) 6:2, 6:1