Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Австралија опен по победата над Жо Вилфред Цонга со 6:3, 7:5, 6:4. Србинот и денеска беше убедлив, како што беше случај на стартот со Мичел Кругер од САД, сосема заслужено и без особено проблеми го совлада ривалот преку кој во 2008 година, во финалето во Мелбурн, го освои и првиот гренслем трофеј во кариерата.
Победникот во „Род Лејвер“ арена не беше доведен во прашање во ниту еден момент, а целата работа Ѓоковиќ ја заврши за нешто повеќе од два часа игра.
Нареден противник на првиот носител во Мелбурн парк ќе биде Канаѓанецот Денис Шаповалов кој е поставен за 25 фаворит на турнирот.
Австралија опен, 2 коло
Мажи
Ѓоковиќ (1., Србија) – Цонга (Франција) 6:3, 7:5, 6:4
Попирин (Австралија) – Тим (7., Австрија) 7:5, 6:4, 2:0 (Тим го предаде мечот)
Нишикори (8., Јапонија) – Карловиќ (Хрватска) 6:3, 7:6, 5:7, 5:7, 7:6
Чориќ (11., Хрватска) – Фучович (Унгарија) 6:4, 6:3, 6:4
Фоњини (12., Италија) – Маер (Аргентина) 7:6, 6:3, 7:6
Медведев (15., Русија) – Харисон (САД) 6:3, 6:3, 6:3
Раониќ (16., Канада) – Вавринка (Швајцарија) 6:7, 7.6, 7:6, 7:6
Гофан (21., Белгија) – Копил (Романија) 5:7, 7:5, 6:2, 6:4
Карено Буста (23., Шпанија) – Ивашка (Белорусија) 6:2, 6:3, 7:6
Арбер (Франција) – Чунг (24., Ј. Кореја) 6:2, 1:6, 6:2, 6:4
Шаповалов (25., Канада) – Даниел (Јапонија) 6:3, 7:6, 6:3
Пуј (28., Франција) – Мартерер (Германија) 7:6, 7:6, 5:7, 6:4
Болт (Австралија) – Симон (29., Франција) 2:6, 6:4, 4:6, 7:6, 6:4
Соуса (Португалија) – Колшрајбер (32., Германија) 7:5, 4:6, 7:6, 5:7, 6:4
Жени
Халеп (1., Романија) – Кенин (САД) 6:3, 6:7, 6:4
Осака (4., Јапонија) – Зиданшек (Словенија) 6:2, 6:4
Свитолина (6., Украина) – Кузмова (Словачка) 6:4, 6:1
Ка. Плишкова (7., Чешка) – Бренгл (САД) 4:6, 6:1, 6:0
Мертенс (12., Белгија) – Гаспарјан (Русија) 6:1, 7:5
Севастова (13., Летонија) – Андрееску (Канада) 6:3, 3:6, 6:2
С. Вилијамс (16., САД) – Бушар (Канада) 6:2, 6:2
Киз (17., САД) – Потапова (Русија) 6:3, 6:4
Ванг (21., Кина) – Круниќ (Србија) 6:2, 6:3
Јастремска (Украина) – Суарез Наваро (23., Шпанија) 6:3, 3:6, 6:1
Џорџи (27., Италија) – Свиатек (Полска) 6:2, 6:0
Хсиех (28., Кинески Тајпеј) – Зигмунд (Германија) 6:3, 6:4