НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите деца од домот „11 Октомври“ се префрлени во мали групни домови и згрижувачки семејства

0
By Нова ТВ on January 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе нема деца во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Сите  се сместени во 4 мали групни домови и во згрижувачки семејства.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс денеска ги посетија децата коишто од неодамна се сместени во една од куќите во Скопје.

„Како што ветивме, до почетокот на второто училишно полугодие го трансформиравме и домот „11 Октомври“. При тоа водевме сметка децата да останат во близина на училиштето коешто го посетуваат и да не ги разделуваме децата коишто се братчиња и сестрички. Процесот на деинституционализација тече подобро од очекуваното, досега бројот на деца сместени во институции се намали за 60%. Нашите заложби како Влада се до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години во големите институции. Секое дете заслужува да расте со семејство, да чувствува вистинска грижа и топлина. Продолжуваме да работиме на отворање на мали групни домови, каде децата имаат услови за живот како во вистински семеен дом. Ги охрабрувам и сите оние кои се заинтересирани да станат згрижувачи да го направат овој чекор и да го отворат својот дом и срце за нов член на семејството“, изјави Царовска.

Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

„Многу земји од ЕУ, преку систематски реформи и кампањи за промена на ставовите, прераснаа во места каде што сместувањето на деца во институции веќе не се прифаќа. Со затворањето на претпоследната институција за деца во земјата се доближуваме до остварување на таа иста цел“, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. “За жал секогаш ќе постојат деца без родителска грижа. За да им се обезбеди на тие деца поддршка во семејно опкружување ни требаат мали групни домови, како овој, и голема мрежа згрижувачки семејства кои се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата кои може да имаат потреба од грижа во иднина“, рече Перкс.

Пред околу четири месеци целосно беше трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и се вклучени во редовниот образовен процес.

Исто така, кон крајот на минатата година сите деца до 18 години кои беа сместени во Специјалниот завод „Демир Капија“ се префрлeни  во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани.

 

 

Дом 11 октомври згрижувачки семејства мали групни домови Перкс УНИЦЕФ Цароска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.