НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Лажни се вестите за поврзаност на вакцините со разни болести

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Обиди за партиски влијание имало и секогаш ќе има, меѓутоа ние се трудиме тие влијанија да ги сведеме на минимум, со вработување на млади доктори коишто имаат висок просек од студирање. Со тоа што се докажале, со тоа што публикувале трудови ние докажуваме и покажуваме дека ќе се стимулира квалитетот и веќе имаме примери. По некои клиники примени се врвните студенти и така ќе продолжиме и во иднина“ вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Филипче додава дека нема да отстапи од тоа задолжителната вакцинација да  биде услов за запишување на децата во училиште и оценува дека се многу сериозни антивакциналните кампањи. Сите тие вести дека  вакцините се поврзуваат со разни болести , дека постојат искуства дека одредени болести се поврзани со вакцините се лажни вести вели Филипче.

Објавата на фејсбук како ја вакцинира внука му, Филипче вели дека била во насока на кампања дека вакцините се безбедни, и потврдува дека не била вакцинирана од МРП затоа што е мала.

„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“ рече Филипче за Радио Слободна Европа.

Интервјуто на Филипче предизвика реакции од опозицијата. ВМРО ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека кога биле во опозиција создавале недоверба кон вакцините и сега незнаат како да го решат хаосот .

„Признанието на Филипче, дека не ја вакцинирал внуката од морбили која е премногу мала, но ја однел пред камери дека се вакцинира со цел медиумски да ги излаже граѓаните е уште еден доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните“ пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

вакцини Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.