Македонските футсалци ги минаа претквалификациите на коло до крајот на групната фаза и пласираа во главната фаза по место за Светското првенство во Литванија во 2020 година. Репрезентацијата вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Сан Марино со 7:0 и го завржа првото место во групата Ц пред дуелот со Албанија во недела од 20.30 часот.
Капитенот Зоран Левески учествуваше со два гола (22’ и 27’) во убедливиот триумф над аутсајдерот од Апенините, по еден вградија Седат Зибери во втората минута, Иван Крстевски во третата минута, Александар Глигоров во петтата минута, Еркан Сефери во седмата минута и Димчпе Андов во 14. минута.
Во првиот меч од денешната програма, Албанија славеше над Грција со 5:3. Со оваа победа и албанскиот национален тим осигура место во наредната фаза квалификации за СП, па третото коло во недела ќе биде од формален карактер со оглед дека Грција и Сан Марино имаат по два пораза и се без шанси за прогрес.
Претквалификациите ги минаа и Англија (група А), Белорусија (група Б), Грузија (група Д), Белгија и Шведска (група Е), БиХ и Швајцарија (група Ф), Холандија (група Г), Финска и Молдавија (група Х).