Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Канцерогено општество“ бара итна владина седница за загадувањето

0
By Нова ТВ on February 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 2, 2019 14:49

Здружението „Канцерогено општество“ по една недела денеска повторно организира протест пред Собранието на Република Македонија за да алармира кај надлежните за опасно загадениот возхух и неговите штетни последици по здравјето на луѓето. Кристијан Узунов од Здружението рече дека доколку Владата не закаже итна седница, ќе ги радикализираат протестите и ќе блокираат сообраќајници низ државата.

„Гледаме дека властите не се многу заинтересирани што поставуваме барања. Уште еднаш потенцираме – доколку не свикаат итна седница на Влада, доколку не ги искористат сите расположиви средства за справување со овој проблем, ако не нè сфатат сериозно, ќе мора да ги радикализираме протестите со блокади за кои дополнително ќе се договориме – дали Скопје, општини, клучките, итн. Бараме министерот и заменик-министерот за животна средина секој ден да даваат отчет што сработиле додека ние и нашите деца се труеме и сме по болници. Се надевавме и на повеќе народ, но луѓето се малку заспани“, рече Узунов.

Драги Змијанац од „Меѓаши“ изјави дека власта, јавните претпријатија и сите кои имаат, како што рече, моќни политички функции, не се заинтересирани да го решат проблемот со загадувањето на воздухот и последиците што ги трпат децата.

„Како Детска амбасада „Меѓаши“ ќе ги поддржуваме сите граѓански иницијативи што сакаат да направат притисок и промена. Болниците се полни со деца, секое второ дете страда од респираторни проблеми. Живееме во екоцидно и бесперспективно општество. Ако продолжи вака, ќе нема луѓе што ќе излезат да протестираат“, рече Змијанац.

Организаторите на протестот, кој трае до 15 часот, ја поздравија вчерашната блокада пред влезот на депонијата „Дрисла“ од активисти од иницијативата „Чист воздух“ и го поддржувааат рокот што тие им го дадоа на надлежните за 15 дена да одговорат на нивните барања. Ги поддржуваат и средношколците кои најавија протест на 5 февруари пред секое средно училиште за здрава и чиста средина.

Влада воздух Загадување протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.