Кошаркаркиот Куп на Македонија што требаше да се одигра викендот во Гевгелија е презакажан за 12 до 14 април. До одложување на завршниот турнир дојде по стравичната несреќа на автопатот Скопје – Тетово во која животот го загубија 14 лица. Барањето до Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го потпиша екипата на Гостивар по сознанието дека и нејзиниот член Јовица Трпевски е меѓу настраданите во превртениот автобус на Дурмотурс кај село Ласкарци.
„Републиката е во црно по стравичната сообраќајна несреќа. Меѓу 14 починати лица и младиот кошаркар на Гостивар, Јовица Трпевски. Поради новонастанатата ситуација, Македонската кошаркарска федерација во договор со организаторот донесе одлука за одложување на завршниот турнир во Купот на Македонија што требаше да се одигра викендот. Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за најблиските на настраданите. Искрено сочувство до семејствата и пријателите“, стои во соопштението на МКФ.
Распоредот и сатниците на натпреварите остануваат исти. Сите натпревари кај мажите ќе се одиграат во салата „26 април“ во Гевгелија, полуфиналните кај девојките се планирани во салата „Негорски Бањи“ на Блокотехна.