Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛЕ: Трилинг голови на Динамо З., Адеми единствен македонски репрезент во Европа

0
By Нова ТВ on February 22, 2019 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 22, 2019 00:54

Динамо Загреб останува единствен претставник од регионот во фудбалската Лига Европа, а Аријан Адеми единствен македонски репрезент во второто, по квалитет, клупско натпреварување на УЕФА. „Модрите“ во реваншот успеаја да слават над Викторија Плзен со 3:0 и на тој начин да ја анулираат негативата од првиот меч во Чешка (1:2).

Стрелци за хрватскиот првак на „Максимир“ беа Мислав Орсиќ во 15. минута, Емир Дилавер во 34. минута и Бруно Петковиќ во 73. минута. Репрезентативецот на Македонија и капитен на Динамо Загреб беше стартер и одигра цел натпревар.

Вилјареал го елиминира Спортинг на Стефан Ристовски. По минималната победа во Лисабон (1:0), шпанскиот и португалскиот состав одиграа 1:1 на „Естадио де ла Керамика“ во преградието на Валенсија.

Челзи ја оправда фаворитската улога и во реваншот со Малме и со вкупни 5:1 се проби меѓу најдобрите 16 во Лига Европа. По триумфот во Шведска со 2:1, „сините“ триумфираа и на „Стемфорд Бриџ“ со 3:0 со головите на Олчивие Жиру во 55. минута, на Рос Баркли во 74. минута и Калум Хадсон Одои во 90. минута.

Со идентичен резултат во реваншот и Арснал се пласира во осминафиналето во ЛЕ. „Топчиите“ на „Емирати“ го победија БАТЕ Борисов (Захар Волков во четвртата минута автогол, Шкодран Мустафи во 39. минута, Сократис во 60. минута) и со камата возвратија за неочекуваниот пораз во Белорусија пред седум дена.

Мало изненадување приреди Краснодар со елиминацијата на Баер Леверкузен. И реванш мечот на тревникот на бундеслигашот заврши без победник со таа разлика што имаше погодоци (1:1) по ремито (0:0) во првата средба, па рускиот премиерлигаш благодарение на гол во гости опстана на европската сцена.

Лига Европа, шеснаесетфинале, реванши

Интер – Рапид Виена 4:0 (1:0)

Генк – Славија Прага 1:4 (0:0)

Баер Леверкузен – Краснодар 1:1 (0:0)

Челзи – Малме 3:0 (2:1)

Бетис – Рен 1:3 (3:3)

Динамо Киев – Олимпијакос 1:0 (2:2)

Бенфика – Галатасарај 0:0 (2:1)

Динамо Загреб – Викторија Плзен 3:0 (1:2)

Салцбург – Бриж 4:0 (1:2)

Наполи – Цирих 2:0 (3:1)

Ајнтрахт Франкфурт – Шахтјор Доњецк 4:1 (2:2)

Валенсија – Селтик 1:0 (2:0)

Зенит Санкт Петербург – Фенербахче 3:1 (0:1)

Вилјареал – Спортинг Лисабон 1:1 (1:0)

Арсенал – БАТЕ Борисов 3:0 (0:1)

Севилја – Лацио 2:0 (1:0)

Во заграда се резултати од првите натпревари. Ждрепката за осминафиналните двојки е денеска (петок) во 13 часот по средноевропско време.

Аријан Адеми Динамо Загреб Лига Европа фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.