НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината на државата

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека главната тема на претстојните претседателски избори треба да биде иднината на државата, а во однос на тоа дали е можен кандидат за претседател посочува дека има многу квалитетни луѓе во коалицијата и оти најважно е Владата да има принципиелен партнер во идниот претседател.

„Мислам дека главна тема на претседателските избори треба да биде иднината на нашата земја. Како до подобар живот за нашите граѓани, како да не се мислиме што ќе биде со нас, дали ќе не биде и тука ќе се судрат двата наративи, едниот на надежта и другиот на стравот“, вели Димитров, одговарајќи на прашањето дека се чини оти кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска по досегашните настапи сака главна тема на претседателските избори да биде Преспанскиот договор.

Во однос на тоа дали има доволно високо расположение во ЕУ за доделување датум во јуни за преговори со оглед на критиките од Брисел, посебно за владеењето на правото, Димитров оценува дека ќе биде голем проблем за кредибилитетот за целиот пристапен процес за политиката на ЕУ кон Балканот, ако не се поддржи успехот на нашата земја.

„Мислам дека е од голема важност иднината на СЈО. Тоа е важно. Мислам дека имаме голем аргумент не само со новиот закон со кој се формираше Комисијата за корупцијата, туку и како ги избравме антикорупционерите. Значи, имаме Комисија со заби која може да гризе, а составена од луѓе избрани на јавен транспарентен начин. И од секаде добивам сигнали дека таму има извонредна експертиза. Ако испорачаме уште некои работи ќе имаме добра кондиција по европските избори да ни дозволат да го почнеме патот кон Европа“, смета Димитров.

Прашан дали Министерството за надворешни работи има дипломатски активности за случајот Груевски за негова екстрадиција, Димитров вели дека овој проблем се реактуелизира со последните чекори од Обвинителството во однос на 27 април.

„Ние тука имавме делумна амнестија што направи дистинкција, ги разграничи оние кои организирале, оние кои учествувале во насилство. Ќе видиме што ќе направи Обвинителството. Мислам дека ќе има кон Министерството за правда едно дополнување на барањето за екстрадиција“, вели Димитров, додавајќи дека со Унгарија имаме различно гледање на случајот Груевски.

Димитров појаснува дека Македонија и Унгарија имаат различен интерес и целосно различно гледање во случајот со Груевски бидејќи, како што вели, заклучоците на Европскиот совет од минатата година се однесуваа на одговорност за индициите за злоупотреби, криминал, корупција од прислушуваните разговори и за нападот врз Собранието, посебно за организаторите и иницијаторите, појаснува Димитров.

избори Македонија Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.