НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв самит на земјите од ЕУ и Арапската лига

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 50 шефови на држави и влади од Европската унија (ЕУ) и Арапската лига денеска и утре  ќе учествуваат на првиот заеднички самит на кој ќе се разговара за јакнење на економската и политичката соработка, миграцијата и безбедносни прашања.

Самитот во Шарм ел Шеик, на египетскиот полуостров Синај, е првиот состанок на највисоко ниво во историјата на овие две организации, а со него ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Меѓутоа, во подготовките за Самитот, ЕУ не успее да обезбеди единство во врска со клучните прашања за кои треба да се дискутира на самитот, како што се миграцијата или нестабилноста на Блискиот Исток. Земјите-членки на ЕУ, исто така, не успеаја да се договорат за заедничка политичка декларација на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и арапските земји, а која би требало да биде усвоена на Самитот. Најголемиот дел од декларацијата е усогласен, но Унгарија имаше забелешки на делот каде се спомнува Глобалниот договор за миграциите од Маракеш.

Од европска страна, на Самитот ќе присуствуваат 24 од 28 шефови на држави или влади. Францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот премиер Педро Санчез, летонскиот премиер Кришјанис Каринш и литванската претседателка Далија Грибаускаите ќе ја пропуштат средбата. Добар дел од лидерите своето присуство го потврдија дури откако се обзнани дека на Самитот не доаѓаат суданскиот претседател Омар ал-Башир и саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман. Саудиската делегација ќе биде предводена од кралот Салман.

Од Самитот нема големи очекувања во смисла на конкретни резултати, туку ќе биде симболична потврда за досегашната соработка. Членките на ЕУ во последниве години тесно соработуваат со арапските земји за прашања кои најмногу ги загрижуваат. Северноафриканските земји се особено важни партнери на ЕУ во управувањето со миграциските текови и размена на информации за тероризмот, и од европска перспектива, оваа соработка носи резултати. Бројот на мигранти што влегуваат во ЕУ преку Средоземното Море значително се намали во споредба со 2015 година.

Арапска лига Европска унија Египет Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.