„Заедно напред“ е слоганот со кој кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе бара поддршка од граѓаните за изборите на 21 април. Одлуката е донесена на синоќешниот состанок на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на кој учествувале сите министри, градоначалници и високи функционери од владејачката партија.
Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски што се темели на принципи на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.
На проширената средба на Централниот изборен штаб, премиерот Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата за одржување на кристално чисти избори.