НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: СЈО е услов за отворање на преговорите со ЕУ

0
By Соња Петрушевска on March 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите пораки кои ги добиваме од ЕУ се дека СЈО треба да продолжи да работи како посебно Обвинителство, а не да се претопи во друго Обвинителство кажа министерската за правда Рената Дескоска пред денешната средба со претставници на ВМРО ДПМНЕ кои поднесоа 65 амандмани на Законот за јавно обвинителство.

ВМРО ДПМНЕ бара СЈО да стане дел од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција и да запрат истрагите кои се покренати 18 месеци по формирањето на СЈО.

-И денешното укажување од амбасадорот Жбогар е во таа насока дека на позитивна оценка од Брисел може да се надеваме само ако СЈО остане посебно обвинителство со траен мандат и со конкретни надлежности. Ова ќе биде услов за отворање на преговори со ЕУ. Не може да се прифати Закон кој ќе штити лични интереси, законот мора да има стандарди и тоа црвената линија од која не отстапуваме, кажа Дескоска на прес конференцијата во Собранието.

Дескоска исто така напомена дека не е прифатлив ниту амандманот на ВМРО ДПМНЕ со кој бараат да запрат сите истраги кои биле покренати 18 месеци по формирањето на СЈО.

Според Дескоска  за Законот за  јавното обвинителство ќе се гласа кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство.

-Ставот на Владата е за Законот да се гласа веднаш кога ќе имаме усогласен законски текст кој ќе се испрати до Собранието,  рече Дескоска која не сакаше да ја коментира изјавата на Претседателот на Собранието Талат Џафери кој на утринскиот брифинг со новинарите напомена дека за СЈО ќе се гласа по изборите.

Дескоска и премиерот Заев во Собранието имаа средби со претставници на Алијасната на Албанците и Беса за подршка за Законот за јавно обвинителство.

Села кажа дека СЈО треба да продолжи автономно со работа и бараат да се интервенира во Законот во однос на роковите за покренување на истраги. СЈО не ја исполни целта затоа што досега има казна само за претставник на албанска опозиција, рече Села.

-Кога зборуваме за изборен криминал, се знае кој краде избори веќе 17 години. Тоа се оние кои и сега се во власта. Алијансата предлага и да се формира и специјално судство по примерот на Украина кое ќе суди за случаите на СЈО. За да не се дозволи политички партии да ги партизираат судовите, со закон да се санкционира секој функционер кој ја злоупотребил службената должност да не може да биде член на Советот на обвинители и да биде избран за судија. Нема логика да зборуваме за деполитизација на судскиот систем, а да инсталираме бивши функционери во Советот на обвинители кои потоа ќе ги избираат новите обвинители, рече Села.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар денеска изјави дека е од огромна важност СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно.

–Се сеќаваме дека СЈО беше воспоставено од главните политички партии преку Договорот од Пржино, со цел да се обезбеди превземање одговорност за нелегалните пресретнувања на комуникациите, како и за содржината на истите, вели Жбогар во пишаната изјава.

Европската Унија, како што посочува тој, ги следи одблиску подготовките за измена на Законот за јавно обвинителство, кои имаат за цел да го вклучат функционирањето на СЈО како составен дел од Јавното обвинителство.

-Ги поттикнуваме сите парламентарни политички партии и почитувани членови на Собранието позитивно да го земат во предвид усвојувањето на законот. Ова ќе им ја покаже на граѓаните, како и на меѓународната заедница, посветеноста за утврдување одговорност за сите кривични дела, особено за корупцијата на високо ниво и злоупотреба на моќ, но и за зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Исто така, ќе придонесе кон исполнување на желбата на граѓаните за фер општество, засновано на правила, што всушност е суштината на процесот на проширување на Европската Унија, истакнува Жбогар во изјавата во врска со измените на Законот за јавно обвинителство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.