Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Пироманите ќе бидат казнети

0
By Нова ТВ on March 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 31, 2019 12:17

Поголем дел од пожарите кои беснеа изминативе два дена се локализирани и ставени под контрола, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Изгаснат е и пожарот кој ја зафати и Македонска Каменица, кој се закануваше да зафати и дел од куќите. Специјализираната воздухопловна единица на Дирекцијата за заштита изминатиов месец  направи повеќе од 120 лета и исфрли  300 тони вода.

Од Владата  соопштија дека  институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари и напоменуваат дека сите  лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простори кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.

Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесе  8 кривични пријави за сторени 8 кривични„предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.

Државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.

Владата  упатува апел до граѓаните да внимаваат кога се на  отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, не треба да се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, да не се пали отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.
Поради појавата на шумски пожари се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.

Доколку забележат оган или дим, граѓаните треба да го пријават на 195, а ако забележат лице кое потпалува стрништа да го пријават во полициска станица или на  192.

 

Галичица пожар Преспа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.