Тепачка на тренинг на Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. Како што се наведува во веста, инцидентот избил меѓу Роберт Левандовски и Кингсли Коман. „Билд“ објави дека уште двајца играчи на шампионот во Бундес-лигата влегле во кавга по што дошло и до физичка пресметка.
Притоа се додава дека тепачка од поширок обем спречиле Жером Боатенг и Никлас Зиле. Германскиот гигант сè уште се нема произнесено околу инцидентот.