Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доминација на Мерцедес и во Кина: Ф1 илјадарката за Луис Хамилтон

0
By Нова ТВ on April 14, 2019 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 14, 2019 11:05

Ја губи ли Ферари и оваа, штотуку почната, натпреварувачка сезона? – Да, ако се суди по трите трки во кои видовме апсолутна доминација на Мерцедес. По Австралија и Бахреин, така беше и утрово во Кина каде се возеше јубилејната 1.000 трка во историјата на Формула 1. А, во неа нов еден-два триумф на тимот со седиште во Брекли во Обединетото Кралство.

Луис Хамилтон ја извозе 75. победа во кариерата, втора во 2019 година, и низ целта мина со време од 1:32:06,350 часа. Второто место го освои неговиот клупски колега, Валтери Ботас кој заостана 6,552 секунди, како трет заврши Себастијан Фетел (+13,744 сек.) за кого ова е прв подиум во сезоната оставајќи ги зад себе Макс Ферстапен (+27,627 сек.) и Шарл Леклер (+31,276 сек.).

„Овој можеби не е најдобар викенд, но резултатите што ги постигнавме се фантастични за нас. Сите напорно работеа во таа насока. Немавме претстава како ќе оди Ферари меѓутоа прво и второ место на јубилејното гран при е нешто посебно. Стартот ја направи разликата. Стратегијата беше од големо значење во трите трки“, изјави Хамилтон по ГН на Кина.

Хамилтон уште на стартот го заобиколи Ботас и го презеде водството и до истекот на 22 круг имаше пет секунди подобро време. Одлуката на Мерцедес беше Ботас да му чува грб на Британецот од нападите на Ферари услови временската залиха за време на настапот да падне на две секунди, но бранителот на тронот додаде гас за недостижна предност и заслужена победа.

Наредната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 28 април во Баку за ГН на Азербејџан.

Резултати од трката за ГН на Кина

Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:32:06,350 часа

Валтери Ботас (Мерцедес) +6,552  сек.

Себастијан Фетел (Ферари) ++13,744 сек.

Макс Ферстапен (Ред Бул Рејсинг Хонда) +27,627 сек.

Шарл Леклер (Ферари) +31,276 сек.

Пјер Гасли (Ред Бул Рејсинг Хонда) +89,307 сек.

Даниел Рикијардо (Рено) +1 круг

Серхио Перез (Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес) +1 круг

Кими Раиконен (Алфа Ромео Рејсинг Ферари) +1 круг

Александер Албон (Скудерија Торо Росо Хонда) +1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 68 бода

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) 62

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул Рејсинг Хонда) 39

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) 37

Шарл Леклер (Монако/Ферари) 36

Пјер Гасли (Франција/Ред Бул Рејсинг Хонда) 13

Кини Раиконен (Финска/Алфа Ромео Рејсинг Ферари) 12

Ландо Норис (В. Британија/Мекларен Рено) 8

Кевин Магнусен (Данска/Хас Ферари) 8

Нико Хулкенберг (Германија/Рено) 6, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 130 бода

Ферари 73

Ред Бул Рејсинг Хонда 52

Рено 12

Алфа Ромео Рејсинг Ферари 12

Хас Ферари 8

Мекларен Рено 8

Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес 7

Скудерија Торо Росо Хонда 4

Вилијамс Мерцедес 0

ГН на Кина Луис Хамилтон Мерцедес Ферари Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.