НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кејт Бурнс: Ќе работам на подобрување на човековите права, слободни медиуми и отворени пазари

0
By Нова ТВ on April 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сенатот на САД неделава имаше сослушување за потврда на номинацијата за новата американска амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Бурнс. Таа најави три приоритети во фокус на нејзината работа ако биде потврдена за идна амбасадорка во Скопје.

„Прво ќе промовираме стабилност преку силни институции. Северна Македонија направи значен прогрес во унапредување на законите за исполнување на реформите, вклучително за судска независност, владеење на правото и одговорност“, рече Бурнс, објави Гласот на Америка на македонски јазик.

Таа истакна дека политичките лидери треба да осигураат овие закони да бидат целосно имплементирани, со цел да направат вистинска промена и да ги исполнат потребните стандарди за членство во Европската Унија и НАТО.

„Конгресот направи траен ефект врз демократските реформи и развој на Северна Македонија. Ако бидам потврдена, ќе осигурам оваа американска Влада тоа да го продолжи“, рече Бурнс.

Како втор приоритет ја истакна безбедноста преку партнерство.

„Како иден НАТО сојузник, Северна Македонија мора да ги исполни заложбите. Ќе работам со членови на оваа Комисија да осигурам дека Северна Македонија ќе продолжи да дава силен придонес за безбедноста на НАТО“, рече таа, додавајќи дека државата учествува во меѓународни операции од 2002 година, испраќајќи речиси 4.000 војници.

Како трето, Бурнс вети промоција на просперитет преку позитивно влијание. Северна Македонија ќе има бенефит од подобрување на човековите права, вклученост, слободни медиуми и отворени пазари. САД ќе бидат партнери во градење нови можности за идните генерации преку УСАИД и други програми и јавна дипломатија“, нагласи Бурнс.

На прашањето за мешањето на Русија во Северна Македонија, Бурнс рече дека има цел да креира поделба и недоверба, јавно спротивставувајќи се на Договорот од Преспа и влезот на државата во НАТО, но, оти таа ќе работи на поддршката на независни медиуми и граѓанско општество, кои ќе помогнат во откривање на фактите и вистината.

Таа додаде дека Северна Македонија има потреба од повеќе извори на енергија и патишта, како и од енергетски пазар, кој ќе биде интегриран во регионалниот пазар.

„Има замислен проект со Грција, кој ќе овозможи Северна Македонија да добие различни извори на снабдување“, рече Бурнс.

Бурнс го истакна Договорот од Преспа како огромен дипломатски успех, нагласувајќи дека напорите на лидерите на Северна Македонија и Грција да го постигнат овој историски договор ќе донесат стабилност пошироко во регионот.

Решителноста на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават крај на спорот за името ја поздрави и сенаторката од Њу Хемпшир, Џин Шахин, на денешното сенатско сослушување.

Која е Кејт Мари Бурнс

Американскиот гласник од Виена доаѓа во Скопје: Која е Кејт Мари Бурнс

амбасадор Заложби Македонија САД; Кејн Брнс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.