Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туризам на релација Техеран – Скопје: Визите за Иранците се најголем проблем

0
By Нова ТВ on April 28, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: mfa.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 28, 2019 11:55

Визниот режим и недоволната запознаеност со туристичките капацитети се главна пречка за незадоволителната бројка на туристички посети помеѓу Иран и Северна Македонија.

Амбасадорот на Исламската Република Иран, Хусеин Керими, на презентацијата на туристичките потенцијали на Иран истакна дека е токму во функција на предизвикување интерес за зголемување на туристичката соработка, за што, вели, потенцијалите се големи.

„Меѓу шест и осум милиони Иранци годишно излегуваат од земјата за туристички цели. Ако успееме само еден процент да привлечеме во Македонија, тоа ќе биде задоволително“, рече амбасадорот Керими.

Тој смета дека за воспоставување соработка потребна е иницијатива од туроператорите од земјава за соработка со ирански туристички агенции. Најдобар начин да се дојде до партнерство е со посета на големите туристички саеми во Техеран и во Исфахан.

Во однос на визите, амбасадорот Керими додава дека Амбасадата е подготвена да помогне со издавање визи за туристички посети во најкус рок, нагласувајќи дека аплицирањето може да се врши и по електронски пат од кое било место. Веќе разговарале и со македонското МНР за олеснување на издавањето визи за групни туристички посети.

Македонските туроператори се согласуваат дека визите се најголем проблем за воспоставување позначајна туристичка соработка, што е, велат, случај и со Кина, и бараат олеснување на визниот режим.

Биљана Пејоска Ристеска од Стопанската комора за туризам на Македонија вели дека за иранските туристи постапката за издавање визи е сложена и мора да аплицираат во нашата амбасада во Турција.

Претседателот на Комората за туризам на Македонија, Касам Шакири, истакна дека ова е прва средба од ваков вид со Иранската амбасада, која се надева ќе помогне за подобро запознавање со туристичката понуда на оваа земја и остварување соработка.

Иран годишно го посетуваат околу три милиони странски турсити, главно од Европа, САД, Канда.

визи Иран Македонија туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.