Германскиот пилот Себастијан Фетел голтна кнедла и призна дека му досадно од доминацијата на Мерцедес во Формула 1 шампионатот. Возачите на ривалскиот тим на Ферари, Валтери Ботас и Луис Хамилтон испишаа историја со еден-два победите во четирите трки во 2019 година. Финецот победи во Австралија и во Азербајџан, Британецот во Бахреин и во Кина за разлика од Фетел и Леклер кои се далеку од конкурентни засега.
Фетел заврши како трет во неделата во Баку по што истакна дека му е преку главата од подредената улога во која е тимот од Маранело.
„Досадно е веќе, многу е досадно. Не се четири трки туку четири години. Мора да работиме и повеќе и подобро. Се обидуваме, но мора и да почитуваме дека тие го прават нештата феноменално. Верувам во нашиот тим и дека може да напредуваме“, истакна Фетел.
Според повеќекратниот шампион во Формула 1, работите за Ферари може да се променат на подобро.
„Имаме добар болид, но не успеваме да го пласираме каде што треба. Тешко е, но сигурен сум дека работите ќе се сменат“, додаде германскиот возач.
Тој ја спореди ситуацијата во Ферари со Рубикова коцка. Вели „мора да ја решиме за што мора да најдеме и некои момци што се добри во склопување на Рубикови коцки за пет минути. Некои паметни луѓе бидејќи нашата Рубикова коцка е голема“, заклучи Фетел по настапот за ГН на Азербејџан.