НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јубилеј во Стрaзбур: Седумдесет години од формирањето на Совет на Европа

0
By Нова ТВ on May 5, 2019 СВЕТ
Фото: .picswe.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Cоветот на Европа (СЕ) денеска одбележува 70 години од своето постоење, со што е најстарата европска меѓународна политичка организација чија цел е создавање на единствена Европа врз принципите на слобода, демократија, заштита на човековите права и владеење на правото. Во заедничката изјава на генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд, претседателката на Парламентарното собрание Лилиан Мори Паские и претседателот на Комитетот на министри, Тимо Соини по повод јубилејот на организацијата се наведуваат досегашните успеси, но се потенцира и подготвеноста за справување со предизвиците на современиот свет.

„Советот на Европа е водечка организација за човекови права на нашиот континент. Четирисет и седум земји членки се здружија за да ги договорат заедничките стандарди за човековите права, демократијата и владеењето на правото. Сите 830 милиони луѓе кои живеат во заеднички правен простор имаат право на жалба до Европскиот суд за човекови права. Ова е без преседан во европската историја и достигнување што треба да го славиме“, се истакнува во заедничката изјава по повод 70 роденден на СЕ.

Во изјавата посебно се потенцираат Европската конвенција за човекови права и Европската социјална повелба како посебно важни документи што се клучни за заштита на националните малцинства и регионалните и малцинските јазици, како и за борбата против сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца и насилство врз жените и семејното насилство.

„Преземени се мерки за да се спречи тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, за справување со трговијата со луѓе и човечки органи и да се запре злоупотребата на личните податоци и актите на компјутерскиот криминал. Ние исто така сме активни за безбедноста и интегритетот на спортот, достапноста на европската култура и образованието кое промовира еднаквост, вклучување и демократско граѓанство“, се наведува во заедничката изјава.

Како предизвици на модерниот свет СЕ ги наведува вештачката интелигенција, модерното ропство, растечка нееднаквост помеѓу општествата, екстремниот национализам и популизам. Притоа се истакнува дека подобра иднина може да се обезбеди само преку соработка на СЕ со Европската Унија, Организација за безбедност и соработка во Европа, Обединети Нации и други организации. Покрај 47 земји членки, пет држави во СЕ имаат статус на набљудувачи – САД, Канада, Јапонија, Мексико и Ватикан.

Република Северна Македонија на 9 ноември 1995 година стана 38 земја членка на СЕ и активно соработува со сите тела (Комитетот за превенција на тортура, Венецијанската комисија, ЕКРИ, Комесарот за човекови права, и други). Од мај до ноември 2010 година земјата првпат претседаваше со Комитетот на министри на СЕ.

Меѓу поважните документи на СЕ се Истанбулската конвенција против насилство врз жените и семејното насилство, потпишана од 46 држави, а до 2018 година ратификувана од 34 земји. Сите 47 земји на СЕ ја потпишаа конвенцијата Ланзароте за заштита на децата од сексуална експлоатација и злоупотреба, а 44 држави ја имаат ратификувано конвенцијата.

Вкупно 54 земји ширум светот се опфатени со Конвенцијата за заштита на податоци на СЕ и 63 држави вклучително и САД, Австралија и Јапонија, се опфатени со Конвенцијата против компјутерскиот криминал.

Јубилеј Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.