Вечерашниот пораз од Ливерпул со 4:0 е петти со таков резултат во клупската историја на Барселона. Каталонците на „Енфилд“ примија гол повеќе одошто успеаја да постигнат на „Камп Ноу“ и го завршија настапот во елитното натпреварување на УЕФА за оваа сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=Xu8aZeZZouA
Првиот пораз со 4:0, Барселона го доживеа во финалето во 1994 година од легендарната екипа на Милан. Меѓу стрелците тогаш беше и Дејан Савичевиќ. Три години подоцна со ист резултат славеше и Динамо Киев со хет-трик на Андриј Шевченко.
Полуфиналето во Лигата на шампиони беше кобно за Барселона и во 2013 година во кое мерка ` зема Баерн Минхен со две победи од 4:0 и 3:0.
https://www.youtube.com/watch?v=EeTTm7EQ4-4
Во редот на екипи што успеаја до четири гола против гигантот од „Камп Ноу“ се додаде и ПСЖ во февруари во 2017 година.
https://www.youtube.com/watch?v=B7s54KvwzaQ