НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен Зоран Божиновски, сопственикот на порталот Буревесник

0
By Биљана Секуловска on November 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопственикот на порталот Буревесник, Зоран Божиновски, кој се бара како еден од осомничените во случајот Шпион, е уапсен во Нови Сад, Србија.

Според информациитe, телефонски било известено и македонското МВР, кое ја ја потврдило информацијата, додавајќи дека Божиновски е изведен пред надлежниот судија.

Потоа, според процедурата МВР треба да добие и писмено известување и да ја започне процедурата за екстрадиција.

Дента, по апсењето на 17 осомничени за Шпион Зоран Божиновски, за НОВА изјави:

– Негирам дека сум инволвиран во шпионирање за странски служби, бидејќи сите информации што ги имам јавно ги објавувам на мојот портал Буревесник.

Во акцијата Шпион 2о лица се обвинети и уапсени за злосторничко здружување, измама и изнуда: Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков, Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, беше приведен режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“ но вечерта пуштен.

Ис­траж­ни­от судија во Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор од 30 дена на 16 притворени во акцијата “Шпион”, додека, пак, на вра­бо­те­ни­от во Државниот архив, поради влошената здравствена состојба, му бил одреден домашен притвор.

Прит­вор во отсуство им е одреден и на тројцата од осомничените, по кои сe уште се трага.

Тие се товарат де­ка им одавале информации на странски безбедносни служби, главно од ед­на соседна земја, а се занимавале и со измами и уценувале јавни лич­нос­ти и лица од бизнис заедницата.

Ис­тра­га­та за овој случај, бидејќи се работи за документи од државен ка­рак­те­ри и со различен степен на тајност, ќе се води зад затворени врати.

Три дена по големата акција на апсење, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска во Собранието образложувајќи ја широката полициска акција „Шпион“, во која за шпионажа, изнуда и злосторничко здружување се обвинети над 20 луѓе, истакна дека зачудува поклопувањето на ставовите на опозицијата со оние кои доаѓаат од една наша соседна држава.

„Тие веројатно ќе објаснат дали постои координација или станува збор за коинциденција“, рече Јанкуловска.

Таа истакна дека целокупната јавност е сведок на реакциите кои доѓаат од соседните земји, како и внатре од Македонија.

Ден претходно, Канал 5 објави информација дека унгарската разузнавачка служба била главен клиент на осомничените за шпионажа иако се споменува и грчката и руската служба.

Министерството за внатрешни работи на Македонија на барање на судот, на 21 септември распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени кои се недостапни на полицијата во случајот „Шпион“.

Претходно, на сите тројца истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство.

Еден од тројцата беше и Зоран Божиновски, уредник на порталот Буревесник.

Тој тогаш на социјалната мрежа Фејсбук напиша:

„Признавам јавно: Се што правам последните седум години е раск..цување на наркодилерската извршна власт во Република Македонија… Нека распишат потерница по мене, па во процедура ќе си дојдам во Скопје да се соочиме со Мијалков и Груевски. Ако сакаат циркус ќе го имаат допрва. Мислев до денес немам рејтинг, дека не сум фактор, дека не ме бива, дека сум утнал се. А тоа полн погодок!“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.