Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На капетанот на унгарскиот крузер одреден му е 30 дневен притвор

0
By Нова ТВ on June 1, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 1, 2019 19:06

Судија во Унгарија денеска му одреди притвор на капетанот на крузерот „Викинг“ кој учествуваше во судирот со туристичкиот брод на Дунав во центарот на Будимпешта, при што загинаа најмалку седум јужнокорејски државјани.

Судијата на 64-годишниот капетан, државјанин на Украина,  му одреди притвор од 30 дена, но соопшти дека капетанот може да биде пуштен со кауција од 50 илјади долари, под услов да носи апарат за следење и да остане во Будимпешта. Сепак, тужителите поднеле жалба на таа одлука и капетанот останува зад решетки додека судот не донесе одлука за жалбата.

Адвокатите на капетанот, кој е во притвор од четвртокот, тврдат дека нивниот клиент не направил ниту една грешка.

Крузерот „Викинг“ во средата вечер во Будимпешта се судри со помал туристички брод на кој имало 35 луѓе, воглавно јужнокорејски туристи.

Спасени се седум луѓе, а 21 лице се водат како исчезнати.

Ниту еден од туристите на бродот не носел елек за спасување, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Откако бил удрен од крузерот, бродот прво почнал да се полни со вода, а потоа се превртел и потонал за многу кусо време, додека во Будимпешта беснеела силна бура.

Локалните медиуми јавија дека остатоци од бродот Сирена се пронајдени во коритото на реката по неколку часа пребарување во близина на мостот Маргарет, еден од главните мостови кои ги поврзуваат двата дела на унгарскиот главен град.

Будимпешта загинати крузер туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.